28 мај 2021

Скопје – Наставно и техничко-административниот кадар, заедно со учениците и родителите, со поддршка од Општина Карпош создадоа уредена зона во страничниот дел од училишниот двор на основното училиште „Братство“ во Тафталиџе 2, информира Општина Карпош.

Еко-училницата е наменета за настава на отворено, родителски средби, како и реализација на работилници и вонучилишни активности.

Скопје – Конкретни чекори во форма на акциски план што ќе следуваат во наредниот период биле  договорени на денешната средба на градоначалникот на Општина Аеродром Златко Марин со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа.

Притоа, како што соопштуваат од општинската прес-служба, беше презентирана работната верзија на стратегијата за рурален развој на Долно Лисиче како составен дел на Стратегиската платформа за локален економски развој на Општина Аеродром, кој опфаќа основање подрачна единица на ресорното Министерство во Долно Лисиче.

Скопје – Новиот резервоар за вода во селото Свиларе беше пуштен во употреба вчера, информираат од ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје.

Изведбата на овој проект кој вклучува изградба на резервоар со капацитет од 250м3 во Горно Свиларе и проширување на капацитетот на резервоарот во Долно Свиларе е преку соработка на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје и Општина Сарај.

Делчево – Преку одржување дводневна работилница во Делчево продолжи реализацијата на проектот „Инклузивен мост 18“, имплементиран од страна на ХЗ „Бравура Кооператива“ Делчево во партнерство со Здружението на граѓани „Имаго плус“ од Скопје.
Катерина Трајановска од мал групен дом Берово која во проектот е вклучена како експерт за подобрување на правата на децата од малите групни домови истакна дека целта на работилниците е тие да се информираат за своите права по напуштањето на групните домови.

Back to top button
Close
Close