МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

27 мај 2021

27 мај 2021

Скопје –  Градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски заедно со градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, беа во посета во Општина Едемиш, Република Турција.

Како што информираат од општина Бутел, на средбите биле поставени темелите на културните и економските мостови и новите области на соработка.

Скопје – Државниот инспекторат за животна средина информира дека парично биле казнети физички лица кои во Струмица и Куманово без дозвола собирале отпаден метал од електрична опрема, електронска опрема и автомобилски школки на сопствено земјиште.

-Во Струмица е спроведена опсежна акција на осум локации од страна на државен инспектор за животна средина, инспектор по економски криминал од МВР, комунален инспектор и овластен инспектор за животна средина во општина Струмица и по утврдување на незаконско собирање, складирање и селектирање на отпад на приватно земјиште, изречени се соодветни санкции, стои во соопштението од инспекторатот.

Скопје – Без вода денеска ќе бидат улиците „Карл Либнехт“, „Темко Попов“, „Анри Барбис“ и „Модест Мусогорски“, информираат од ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје.

Прекинот на водоснабдувањето е поради изведување водоводен приклучок Ф 100 на улица „Благоја Стевковски“ и ќе трае до завршување со активностите.

Берово – Продолжува изградбата на колектор за фекална канализација во беровското село Будинарци. Целта на реализација на овие активности како што информираа од Општината е да се заокружи процесот за собирање и третман на отпадните води во горното течение на река Брегалница.

-Крајната цел е секако заштита на водите на река Брегалница. Општина Берово со оваа активност уште еднаш покажува дека постојано се грижи за подобрување на животот на граѓаните, како во градот така и во населените места. Изградбата на колекторот е во должина од 1,1 километар, а одведувањето на отпадните води ќе се спроведе до локацијата на идната пречистителна станица, истакнаа од Општината.

Велес – Во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во Велес, вечер премиерно ќе биде изведена претставата „Четири соби“ во режија и адаптација на Синиша Евтимов. Таа е прва премиера од сезоната 2021 „Да се почне одново“.

Како што информираат од Театарот, претставата „Четири соби“ е работена според мотиви од сценариото на истоимениот култен филм од 1995 година. Станува збор за четири приказни кои се случуваат во една новогодишна ноќ, сместени во четири различни соби на еден хотел. Костимографијата и сценографијата за претставата се на Александар Ношпал, музички соработник е Сашко Костов.

Back to top button
Close
Close