МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

13 декември 2019

13 декември 2019

Тетово, 13 декември 2019 (МИА) – Јавно-приватно партнерство како најдобар модел ќе се користи за општинските секундарни мрежи со цел домаќинствата да имаат најниска можна цена за добивање гас, порача директорот на Национални енергетски ресурси (НЕР) Бајрам Реџепи. Тој денеска од тетовско Фалише каде се вршеше увид на градбата на гасоводната линија истакна дека поради високите трошоци не можат сите општини да формират јавни претријатија за секундарна гасодовна мрежа.

Охрид, 13 декември 2019 (МИА) – Институциите во државата задолжени за заштита на Охридскиот регион како единствено национално богатство заштитено од УНЕСКО, продуцираат стратешки документи што ни оддалеку не можат да одговорат на поставената задача. Планот за управување со природното и културното наследство 2019-2028 и Нацрт-извештајот за стратегиска оценка на животната средина по Планот се далеку од неопходното ниво на заштита на регионот.

Скопје, 13 декември 2019 (МИА) – Над 150 висококвалитетни листопадни и зимзелени дрвја беа денеска засадени на улицата „Тоше Проески“ и во Реонски центар во рамки на акцијата за засадување дрвја што почна минатата недела во Општина Аеродром.

Кичево , 13 декември 2019 (МИА) – Секоја година Црвениот крст на Р.С.Македонија поповод 5 – Денот на волонтерството, доделува национални признанија на истакнати волонтери на организацијата, кои дале посебен придонес со својата волонтерска служба во Црвениот крст во локалните заедници во 2019 година.

Back to top button
Close
Close