МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

13 декември 2019

13 декември 2019

Куманово, 13 декември 2019 (МИА) – Привршуваат градежните активности за изградба на паркинг во непосредна близина на новоизградениот кружен тек во Куманово на влезот од градот, соопштија денеска надлежните од одделението за комунални дејности. Паркингот опфаќа 650 квадратни метри.

Штип, 13 декември 2019 (МИА) – Градскиот хор од Штип во салата на Домот на млади синоќа го одржа предновогодишниот концерт. Под диригентската палка на Ивана Ѓурѓевиќ Јанков, 19 хористи ги изведоа песните „Разболела се Ленка Пингова“, „Брала Моми Капини“, „Јас ќе ти купам свилено фустанче“ и низа други познати македонски песни.

Куманово, 13 декември 2019 (МИА) – Кумановското здружение на пензионери ќе доделува еднократна парична помош, вачуер од 1.000 денари за членовите, чија пензија не надминува 10.000 денари, соопштија денеска надлежните од ова здружение. Пензионерите ќе имаат можност да го искористат ваучерот во некој трговски објект и да се снабдат со намирници. Со оваа мерка е предвидено да бидат опфатени 350 пензионери.

 

 

Back to top button
Close
Close