МИА Општински пул

МИА Општински пул

Струмица – Вековната традиција на Струмичкиот карневал годинава беше прекината поради пандемијата на коронавирусот. Но, како што велат струмичани, секое зло за добро. Неодржаниот карневал не и дозволи на „короната“ да влезе во градот под Царевите Кули и досега не е регистриран ниту еден докажано позитивен на Ковид-19.

27 април 2020/11:30 

Струмица – Вековната традиција на Струмичкиот карневал годинава беше прекината поради пандемијата на коронавирусот. Но, како што велат струмичани, секое зло за добро. Неодржаниот карневал не и дозволи на „короната“ да влезе во градот под Царевите Кули и досега не е регистриран ниту еден докажано позитивен на Ковид-19.

Скопје– Вчерашните маалски концерти од програмата „Култура за време на корона“ побудија голем интерес, имаа одличен прием кај околните жители и постигнаа голема гледаност на социјалните мрежи на Град Скопје, посочуваат градските власти. Во текот на вчерашниот ден на повеќе локации низ Скопје, прецизираат, настапија Арда Мустафаоглу, Емилија Потевска Попивода, Дуња Иванова, Силви Бенд, Pluto’s Doubts и South Park, а на социјалните мрежи на Град Скопје имаа над 50.000 прегледи.

Неготино– Малолетник бил нападнат на игралиште синоќа во неготинското село Криволак, информира портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски. Ф.М.(30) од Криволак пријавил во Полициската станица Неготино дека синоќа околу 18 часот на игралиштето во основното училиште, неговиот 17-годишен син бил физички нападнат од Р.Т.(30).

Скопје – Од денеска ќе се врши етапна исплата на пензиите на шалтерите на банките, според висината на пензијата. За пензии до 11.000 денари исплата е денеска, за пензии од 11.001 до 14.000 денари, исплата е во утре (вторник 28 април), за пензии од 14.001 до 18.000 денари исплата ево среда 29 април и за пензии повисоки од 18.001 денар, исплата во четврток, 30 април.

Скопје– Основното јавно обвинителство Скопје поднесе 31 предлог за издавање казнени налози со кои се опфатени вкупно 34 лица обвинети за кривичното дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Струмица – За време на вчерашната и синоќешната забрана за движење на подрачјето на СВР-Струмица, седум лица не ја почитувале забраната за движење, информираат од овој Сектор.

Скопје – Основното јавно обвинителство Битола поднесе предлози за издавање казнени налози против пет лица кои во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија, соопштија од ОЈО Битола.

Скопје– Водостојот на Преспанското и Дојранското Езеро е зголемен за по еден сантиметар во однос на вчера, покажуваат последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

 

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close