МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

12 март 2020

12 март 2020

Куманово, 12 март 2020 (МИА) – Општина Куманово согласно издадените мерки и препораки од Влада на Република Северна Македонија поради состојбата со коронавирусот, од утре во наредните денови до 24 март, нема да врши прием на странки во сите сектори и одделенија на општината.

Шалтерите во архива на општината за странки ќе работат секој работен ден од 10:00 -14:00 часот и апелираат до граѓаните при доаѓањето задолжително да ги почитуваат и применуваат препораките на Министерството за здравство за одржување на хигиената и заштитата.

Гостивар, 12 март 2020 (МИА) – Четворица млади каратисти кои освоија медали на последното Државно првенство за деца на денешниот прием од градоначалникот на општина Гостивар добија благодарници и пофални зборови за постигнатите резултати.

Медалистите, членови на карате клубот „Асиарт“ предводени од нивниот тренер Берат Јакупи искажаа благодарност за поддршката која општина Гостивар ја дава за спортот.

 

Back to top button
Close
Close