МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

14 мај 2021

Скопје, 14 мај 2021 (МИА) – Министерството за финансии објави јавен повик до општините за користење средства за инвестиции во општински енергетски ефикасни објекти, со вкупен фонд од 10,5 милиони евра.

– Висината на заемот за една локална самоуправа може да варира од 50 илјади до 750 илјади евра и зависи од слободниот капацитет за задолжување на општината и проценетата вредност на предложениот општински проект. Со потпишување договор со Министерството за финансии, 80 отсто од овие средства општината ќе ги добие како подзаем, додека, пак, останатите 20 отсто како грант. Воедно, од страна на Министерството за финансии, во рамки на средствата обезбедени за Проектот, ќе бидат покриени и трошоците за подготовка на енергетска ревизија и за техничка документација за проектите, информираат од Министерството за финансии.

Тетово, 14 мај 2021 (МИА) – Оштетени и уништени се двете плочи поставени за убиените осум припадници на Армијата и полицијата кај Вејце кои беа поставени на 28 април по повод 20 години од масакрот извршен на тоа место. Ова го констатирал денеска претседателот на Одборот на бранители Марин Најдов, кој заминал на местото за да види во каква состојба се двете спомен обележја. За прв пат по повеќе од две недели отишол на местото, каде едната плоча ја нашол оштетена, другата воопшто ја нема, а уништено е оставеното цвеќе.

-Повредени се чувствата на бранителите, на македонскиот народ и на родителите и на нивните деца. Јас мислам дека институциите не си ја завршуваат добро својата работа и по кој знае кој пат поставуваме плоча и ја снемува. Тоа едно општество за сите е прифатено. Меѓутоа не се случува на нашиве простори, а од кои причини мора да одговорат политичките структури бидејќи не може да биде еднострана љубов, изјави Марин Најдов, претседател на Одборот на бранители.

Струмица, 14 мај 2021 (МИА) – Општина Струмица почна со изградба на парк во втора урбана заедница, во близина на ООУ „Никола Вапцаров“, на површина од 2.500 метри квадратни од кои 2.100 ќе бидат зелена површина.

Како што информираат од Општината, во паркот ќе има и урбана опрема, клупи за одмор и корпи за отпадоци, а се планира да бидат засадени над 500 зимзелени и листопадни растенија и дрвца.

Тетово, 14 мај 2021 (МИА) – Отворен ден за промоција на стручното образование се одржа денеска во стручното општинско училиште „Моша Пијаде“ во Тетово, како дел од проектот „Учи паметно, работи стручно“ на Министерството за образование и наука. Ученици од деветто одделенија од тетовските основни училишта можеа да се запознаат со струките за кои имаат можност да се запишат, а посебно да се запознаат со концептот на дуално образование.

Според Зоран Бошковски, професор по машински стручни предмети, има доста посетеност со цел да се добијат информации за упис.

 

Back to top button
Close
Close