МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

12 мај 2021

Куманово, 12 мај 2021 (МИА) – Општина Куманово планира да го реконструира стариот градски парк во близина на автобуската станица, информираше денеска градоначалник Максим Димитриевски. Општината аплицирала со проект преку центарот за развој на североисточниот плански регион.

– Инаку, општина Куманово во рамките на своите програмски активности во соработка со североисточниот плански регион веќе аплицираше со проект за целосна реконструкција на градскиот парк, верувам дека овој проект ќе биде реализиран во иднина и веќе до крајот на годината ние ќе го имаме реконструиран градскиот парк, изјави Димитриевски.

Кавадарци, 12 мај 2021 (МИА) – Кавадаречката компанија „Слога Пром“ донира 400 пакети со замрзнати месни производи за семејствата од исламска вероисповед кои се во социјален ризик. Ова е втора донација од компанијата за социјално загрозените семејства после велигденската, а од таму велат дека поводот за донацијата е празникот Бајрам, но целта е да им се помогне на семејствата кои како резултат на последиците од кризата предизвикана од пандемијата се најдоа во лоша социјална ситуација.

Кичево, 12 мај 2021 (МИА) – По два месеци, кон крајот на мај ќе се одржат два културни настани во Центарот за култура во Кичево, кои се финансиски подржани од Министерството за култура како дел од програмата на центарот за годинава.

Директорот на Центарот за култура во Кичево, Мазлам Османи за МИА информира дека станува збор за концерт од музичкa дејност „Концерт за пијано- 4 раце“ и од областа на фолклорната дејност, Годишниот концерт на КУД „Рацин“.

Скопје, 12 мај 2021 (МИА) – Уписот на ученици во прво одделение, во сите десет основни училишта во Карпош се одвива непречено, информира Општина Карпош.

Од Општината информираат дека откако родителот или старателот ќе ја достави документацијата, Комисијата за упис на првачиња, составена од педагог, психолог и еден одделенски наставник спроведува интервју со децата кои од престојниот септември ќе бидат првачиња.

Скопје, 12 мај 2021 (МИА) –Заврши реконструкцијата на санитарните јазли во основното училипте „11 Октомври“ во Скопје. Активноста започна уште минатата година и одевме постепено бидејќи не сакавме да ја нарушиме наставата. Целосната реконструкција на тоалетите е завршена, тие беа во многу лоша состојба и ме радува што конечно се заврши и тоа, изјави денеска градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

При посета на училиштето придружуванод министерката за образование и наука Мила Царовска Богдановиќ посочи дека е подобрен квалитетот, безбедноста и хигиената во училиштето за учениците, но и за персоналот. За реконструкцијата општината вложи 7,85 милиони денари.

 

Back to top button
Close
Close