МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

7 мај 2021

Берово, 8 мај 2021 (МИА) – Месноста викана „Манаќија” во Берово добива улично осветлување. Како што информираат од општината, екипа на терен работат на поставување инсталација на улично осветлување во должина од околу 300 метри, со што овој дел од Берово наскоро целосно ќе биде осветлен.

-При реализацијата на овие активности, овозможувајќи им значајни придобивки на граѓаните ги запазуваме постоечките стандарди за енергетска ефикасност, со што се добива заштеда на електрична енергија. Со поставување на улично осветлување во месноста викана „Манаќија”, граѓаните ќе имаат придобивки и во однос на социјалната и сообраќајната безбедост, истакнаа од Општината.

Крива Паланка, 7 мај 2021 (МИА) – Во изложбениот простор на Националната установа Центар за култура-Крива Паланка денес во 13 часот ќе биде отворена изложбата „Ѓуриште 2020“.
-На изложбата ќе бидат претставени дела од дванаесет ликовни уметници од Велес, Куманово,Свети Николе, Скопје и Шитп. Изложени се 24 уметнички дела, во разновидни техники , инспирирани од природата и убавините на Овче Поле и од здравствените работници-херои на денешницата како и актуелната Ковид-19 состојба како белег на колонијата и времето во кое е одржана, изјави директорката на НУЦК Крива Паланка, Мира Ѓоргиевска.
Куманово, 7 мај 2021 (МИА) – Повеќе екипи од ЈП „Чистота и Зеленило“, од невладини организации „Кумановски акцијаши“, граѓани, АРМ, денеска чистеа на две локации на градскиот кеј, но и на „дивата“ депонија пред населбата „Перо Чичо“ во рамки на „Генералка викенд“. Активистите ќе чистат на регионален пат, кој не е под надлежност на локалната власт. Општина Куманово е дел од акцијата која ја организира „MAN AND MOUNTAIN LLC“ во рамките на проектот „Зелена сончева“, под мотото „За чисто како дома исто“. Во проектот веќе учествуваат „Пакомак“, ЕВН, делегација на ЕУ, Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и други организации и поединци.
Скопје, 7 мај 2021 (МИА) – Градот Скопје во соработка со „Скопје Лаб“ одбра четири микро локации каде што квалитетно ќе се менува средината, со помош на интересот на граѓаните и спроведени анкети. Просторот пред  Поликлиниката „Млин Балкан“ е третата локација, што сега е едно пријатно катче каде очекувам граѓаните на Скопје да го употребуваат согласно своите потреби, затоа што е направено по нивно барање. За просторот од 600 метри квадратни, инвестицијата од Буџетот на Град Скопје изнесува 2,6 милиони денари, изјави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на денешната прес-конференција.

Скопје, 7 мај 2021 (МИА) – Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје информира дека претстојниов викенд, 8 и 9 мај, автобусите ќе сообраќаат до 23 часот, а билетарниците ќе работат вообичаено.

Од ЈСП Скопје потсетуваат дека и натаму не работи Жичарницата на Водно, а не сообраќаат ниту трите линии до Средно Водно (25, 25А и 25Б), како и туристичката линија „Сити тур“.

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close