МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

7 мај 2021

7 мај 2021 

Скопје – Американската компанијата „ЛЕАР“ и „Нормак Инвестмент Груп“ денеска во Технолошко индустриската развојна зона во Тетово ќе постават камен-темелник на новата заедничка инвестиција. Станува збор за нов втор инвестициски циклус кој изнесува 15 милиони евра. 

На настанот ќе се обратат премиерот Зоран Заев, министерот за економија Крешник Бектеши, директорот на Дирекција за технолошки индустриски развојни зони, Јован Деспотовски, претседателот на борд на директори на „Нормак Инвестмент Груп“, Аки Етеми, а најавено е присуство и на првиот заменик претседател и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби. 

Скопје – По повод одбележување на Денот на Европа – 9 Мај  денеска во Општина Аеродром ќе се одржи проактивен настан „100 дена европски Аеродром“ во новиот парк покрај булеварот „Трета македонска бригада“, кој ќе го добие името „9 Мај“. 

Како што соопштија од општината, по овој повод ќе се организираат изложбен натпревар на кој ќе учествуваат дечиња и ученици од градинките и од основните училишта на територијата на Општина Аеродром, а е поддржан од Европското движење и Делегацијата на ЕУ и еко-акција – засадување дрвја во новиот парк со учество на претставници на дипломатскиот кор, Канцеларијата на ЕУ во земјава и вицепремиерот за европски прашања. 

Скопје – Министерот за локална самоуправа Горан Милевски денеска во Битола ќе го промовира проектот Заедничка прекугранична соработка за заштита на населението од природни непогоди и катастрофи предизвикани од човечки фактор, преку кој е набавена цистерна за исправна вода за пиење за потребите на јавното комунално претпријатие Водовод како претпријатие кое опслужува три општини од Пелагонискиот регион Битола, Могила и Новаци. 

Проектот финансиски поддржан од Програмата за прекугранична соработка Interreg IPA CBC 2014-2020. 

Скопје – Општина Карпош го објави јавниот оглас за субвенционирање на купување нови велосипеди за жителите од општината. 

-Акцијата започнува од денеска и ќе бидат доделени субвенции на граѓани кои ќе купат нов велосипед, не порано од денеска (07.05.2021). Субвенцијата подразбира покривање на дел од трошоците, во износ од 30% од сумата за платен велосипед, но најмногу до 3.000 денари, стои во соопштението. 

Скопје – Полициски службеници од Полициската станица Кичево синоќа ја лишиле од слобода Љ.М.(26) од Кичево. При претрес во нејзиниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. 

Како што соопштија од МВР, при вршење на претресот, Љ.М. физички нападнала полициски службеник. 

Скопје – Службата на Општина Чаир за одржување на јавната чистота заедно со ЈП „Комунална Хигиена” и екипата на Друштвото на доброволни пожарникари „Бајрам Мифтари” од вчера и во наредните денови ќе извршат дезинфекција на сите секундарни улици на територија на општината. 

Оваа акција започнала со дезинфекција на улиците во населбата Гази Баба. 

Струга – На раскошно украсен епитаф, со локалното свештенство и братството и сестринството од Бигорски и манастирот во Рајчица, без традиционалните торжества, денеска во Струга ќе се одржи Струшката Литија со моштите на „Свети Георгиј Победоносец“, чудотворната икона на светецот и Крнинската икона на Богородица. 

Поради пандемијата со Ковид – 19, годинава од поворката ќе изостане масата верници, кои доколку сакаат да им оддадат почит на моштите, тоа може да го направат од балконите на своите куќи или тротоарите, на кејот на реката Црн Дрим или во чаршијата, со почитување на здравствените протоколи за заштита од коронавирусот. 

Кочани – Министерката за образование и наука Мила Царовска, денеска ќе ги посети  СОУ „Љупчо Сантов“ и СОУ „Гошо Викентиев“ во Кочани, како дел од втората фаза од кампањата за промоција на средното стручно образование „Учи паметно, работи стручно“. 

Кампањата е во рамки на запознавање на идните средношколци со можности што ги нуди овој тип на образование. 

Крива Паланка – Во Здравствениот дом „Димитар Арсов” во Крива Паланка е набавен современ ехо-дијагностички апарат со што значително ќе се подобри квалитетот на услугите што им се пружаат на граѓаните од општината и околината. 

Директорот на Здравствениот дом, Бранко Стаменковски рече дека инвестицијата е реализирана благодарение на одговорното и домаќинско работење. 

Back to top button
Close
Close