МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

6 мај 2021

Делчево, 6 мај 2021 (МИА) – Во делчевската населба Ѕвегорска Река во тек е изградбата на крак од фекална канализација. Целта на реализацијата на овој инфраструктурен проект како што истакнаа од Општината е решавање на проблемот со отпадните води во оваа населба.

– Во соработка со Јавното комунално претпријатие „Брегалница“ и согласно со Годишната програма за работа и барањата од граѓаните, продолжуваме со работа на изградба на фекални канализации во делови од населени места, каде досега не беше изградена канализација. Конкретно во населбата Ѕвегорска река се гради крак од фекална канализација на која ќе се поврзат новоизградените стопански субјекти и комплетно ќе се реши проблемот со отпадните води во овој дел од населбата, информриаа од Општината.

Скопје, 6 мај 2021 (МИА)- Поради дефект на затварач од Ф 80 на улица Кеј 13-ти Ноември, во текот на денешниот ден прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од плоштадот до Холидеј Ин во Скопје.

– Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 12:50 часот до завршување со активностите, стои во соопштението од ЈП Водовод и канализација.

Охрид, 6 мај 2021 (МИА) – Општина Охрид ќе биде дел од „Генералка викенд“ еколошката акција што задутре ќе се одржува низ повеќе градови во земјата.

Во акцијата што има за цел подигање на свеста кај населението за поодговорен однос кон животната средина ќе се вклучат ЈП „Охридски комуналец“, како и активисти на здруженијата на граѓани „Брег на младоста“ и „Чист Охрид“. Предвидено е од отпад да се чистат плажите „Грашница“, „Горица“ „Св. Стефан“, како и плажата во село Пештани.

Скопје, 6 мај 2021 (МИА)- Поради уличен дефект од Ф 100 на ул.Финска бр.7 , прекинато водоснабдување ке има на дел од улица Финска.

Како што соопштуваат од ЈП Водовод и канализација, вдоснабдувањето ќе биде прекинато од 12 часот се до завршување со активностите.

Скопје, 6 мај 2021 (МИА) – Општина Карпош ќе им доделува субвенции на нејзини жители кои ќе купат нови велосипеди – ќе покрива 30 отсто од сумата за платениот велосипед, но најмногу 3.000 денари. Акцијата ќе почне утре (7 мај) и ќе трае до исцрпување на предвидените финансиски средства.

– За оваа намена, Општината од својот буџет издвои 500.000 денари, а субвенционирањето ќе се одвива по принципот „прв дојден, прв услужен“, информира Општината за одлуката која ја донесоа советниците на вчерашната седница.

 

Back to top button
Close
Close