МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

23 април 2021

23 април 2021 

Скопје – Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од Општина Гази Баба, соопштуваат од РЦУК – Скопје. 

Во периодот од 08:30 до 12:30 часот, без напојување со електична енергија ќе останат корисниците од улиците „Томас Минцер“ и „Тодор Ецов“, Општина Гази Баба. 

Охрид – Зајакнување на образовниот капацитет за управување со ризиците од ненативните и инвазивни видови во регионот на Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора), по пат на промовирањеедукативни активности за студентите од високото образование и засегнатите страни од целните земји, е целта на преоктот што во рамки на програмата „Erazmus+ градење на капацитети во високото образование за 2020 година“ го имплементираат Хидробиолошкиот институт од Охрид и охридското Здружение за екологија „Екоменолог“. 

Покрај курсевите што ќе бидат развиени специјално во функција на магистерските програми, како и програмите за другите засегнати страни со проектот, ќе се развие и модел за управување со ризиците од ненативните и инвазивни видови. 

Кочани – По неколкугодишен застој во работењето, вработените во комуналното јавно претпријатие „Водовод“ од Кочани го вратија во функција бунарот за црпење топла вода од системот за експлоатација и реинјектирање на „Геотерма“. Спуштена е наменска потопна пумпа со јачина од 77 киловати, со што бунарот повторно ја вади топлата вода од геотермалното лежиште Подлог-Бања во Кочани. 

За набавка на новата пумпа за експлотацискиот бунар инвестирани се над 5,7 милиони денари, што КЈП „Водовод“ ги обезбеди од сопствената сметка. 

Тетово – Големиот број пријави на жителите на Тетово дека биле каснати од бездомни кучиња ја доловуваат состојбата во градот со која се соочуваат граѓаните и алармираат за посеопфатно решение од страна на локалната самоуправа. Статистиката на Службата за социјална медицина и статистика при Центар за јавно здравје ја прикажува состојбата, односно, тоа дека во изминатите три месеци од 2021 година има огромен број на нападнати и каснати од кучиња скитници, ако се спореди со целата 2020 година. 

Само во првите три месеци од 2021 година биле каснати вкупно 29 лица односно побарале и добиле вакцина против беснило во Инфективно одделение при Клиничка болница во Тетово. Во текот на целата 2020 година, вакцина против беснило, затоа што биле искасани од бездомни кучиња имале дадено на вкупно 36 лица. 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close