МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

22 април 2021

Тетово, 22 април 2021 (МИА) – Втората фотоволтаична централа со моќност од 1,2 мегавата, која  е дел од триделниот фотоволтаичен парк со 2,2 мегавати, денеска беше пуштена во употреба во селото Теново во Општина Брвеница. Таа е една од вкупно 27-те централи кои склучија договор за право на користење на премија за електрична енергија произведена од фотонапонски електроцентрали изградени на земјиште во приватна сопственост на јавниот повик што беше објавен во 2019 година.

Скопје, 22 април 2021 (МИА) – Државната комисија за спречување на корупцијата во однос на предметот со наводи против градоначалникот на Куманово за злоупотреба на неговите овластувања со трошење пари на незаконски начин за лични потреби и за негови блиски лица, кои не биле вработени во општината донесе заклучок дека исплатата и распредлебата на средствата за реализација на Програмата за развој на спортот и рекреативните активности на граѓаните во Општина Куманово за 2019 година не е транспарентна. Заклучи и дека е нејасно како се распределени средствата во спортските клубови и дали се финансирани други рекретативни спортски активности на граѓаните, кога сите средства се исплатени директно на Општинскиот Сојуз на спортови.

Охрид, 22 април 2021 (МИА) – Народната библиотека „Григор Прличев“ од Охрид и Здружението за промоција на култура, спорт и образование „Младински културно образовен центар Соната“ преку Меморандум за соработка ќе спроведуваат проект за популаризација на книги, автори и читањето кај младите лица.

Гевгелија,22 април 2021(МИА) – Здружението ,,Еко Лајф“ од Гевгелија стана дел од проектот за намалување на отпадна пластика на територијата на општина Гевгелија откако потпиша договор за производство на еко плочки за надворешно уредување.

Дебар, 22 април 2021 (МИА) – Градоначалникот на општина Маврово и Ростуше Медат Куртовски е позитивен на Ковид-19.

– Ве известувам дека и покрај почитувањето на мерките за заштита од вирусот Ковид-19 направив тест и тестот e позитивен. Јас сум во добра состојба и ќе останам во домашна изолација. Се надевам дека не сум придонесол за понатамошно ширење на оваа зараза, напиша Куртовски на својот фејсбук-профил.

Скопје, 22 април 2021 (МИА) – Градот Скопје го објави јавниот повик за доделување субвенции за купување инвертер клима уреди во 2021 година, а граѓаните ќе може да аплицираат онлајн. Повикот ќе биде отворен до 1 ноември годинава или до исцрпувањето на средствата предвидени за оваа намена.

На повикот, како што информираат од Град Скопје, може да аплицираат лица кои ги исполнуваат предвидените услови, а ќе можат да аплицираат сите оние што набавиле инвертер клима уреди почнувајќи од 1 јануари годинава и се жители на Град Скопје – општините Гази Баба, Аеродром, Кисела Вода, Карпош, Чаир, Шуто Оризари, Центар, Ѓорче Петров, Бутел и Сарај).

Берово, 22 април 2021 (МИА) – Здружението „Патфајндерс“ реализираше акција за чистење на просторот зад старата гимназија во Берово. Претседателот на здружението Горан Механџиски информираше дека вакви активности се планираат еднаш неделно во рамки на работната недела.
-Секоја недела во работните денови ќе правиме работна акција за расчистување на парковите, расчистување на кејот, пошто сега поради периодов што е со короната, се повеќе луѓе доаѓаат во парковите, по кејот на прошетки и оставаат многу ѓубре позади себе, што значи дека свеста е на многу ниско ниво. Може да видите дека отпадоци се оставаат буквално секаде, вели Механџиски.
Кочани, 22 април 2021 (МИА) – Фабриката за рециклирање хартија „Пејпар мил“ од Кочани ја почнува третата фаза за изградба на сопствена пречистителна станица за отпадната вода, за што досега се инвестирани 450 илјади евра.
Охрид, 22 април 2021 (МИА) – Чистење на речното корито, на отпадот депониран на двете страни од реката, како и хортикултурно уредување на просторот е цел на активностите што почнаа да се спроведуваат на дел од водотекот на реката Сушица, од северниот слив на Охридското Езеро.

Скопје, 22 април 2021 (МИА) – Суспензија на дел од деталните урбанистички планови во Општина Центар би предизвикала тежок економски удар врз градежниот сектор, преку механизми кои се целосно правно неиздржани и директно ќе му наштетат на градежниот сектор и граѓаните, реагира Градежната комора.

Ваквото постапување, според Комората, ја ограничува слободата на пазарот и претприемаштвото и директно ги загрозува уставно загарантираните права на граѓаните и претпријатијата.

Скопје, 22 април 2021 (МИА) – Нова детска градинка со капацитет да згрижи 108 деца од предшколска возраст се гради во Драчево, општина Кисела Вода. Градинката, која треба да биде изградена во август годинава, ќе има шест групи, две за јасли односно деца од 0 до две години, и четири групи за деца од две до шест години.

 

Back to top button
Close
Close