МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

21 април 2021

Пехчево, 21 април 2021 (МИА) – Започнаа активности за санација на руинираниот мост во пехчевското село Умлена. Како што информираа од општина Пехчево, фирмата изведувач во моментот работи на подготвителните активности, кои опфаќаат поставување на опрема на градилиштето, чистење на теренот од паднатите делови со исфрлање на шутот и широк ископ заради потребите од ,,оплатирање” на ѕидовите.

Крушево, 21 април (МИА) – Во Крушево продолжува акцијата за пошумување и озеленување на околината, која е дел од програмата „Добра земјоделска практика“, поддржана од Сојузот на земјоделски здруженија и на Општината.

Утре во 11 часот ќе започне акцијата за пошумување во околината на споменикот „Слива“. Во акцијата ќе учествуваат од компанијата „Секе“, општината Крушево, од Сојузот на земјоделски здруженија, шумското претпријатие  „Липа“, од основното училиште „Никола Карев“, од средното „Наум Наумовски Борче“ и волонтери.

Гевгелија, 21 април 2021(МИА) – Под мотото „Хигиената лична обврска за колективното здравје“, волонтери од гевгелискиот Црвен Крст, денеска спроведоа директни презентации и предавања со ученици од прво до трето одделение, кои следат настава со физичко присуство во основните училишта во Негорци и Миравци, на кои им поделија и педесет заштитни маски.

Скопје, 21 април 2021 (МИА) – Во тек е подготовка на спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид каде наскоро ќе започне масовна имунизација на жителите од овој регион, објави на својот фејсбук-профил министерот за здравство Венко Филипче.

Во салата, како што посочува министерот, се подготвуваат 28 вакцинални пунктови, на кои дневно е во план да се вакцинираат над 1500 граѓани.

Делчево, 21 април 2021 (МИА) – Во Делчево во тек е реализација на проектот „Селектирај отпадни батерии, избери чиста околина“. Активноста заеднички ја реализираат Општина Делчево и друштвото за управување со отпад „Нула отпад“,  а има за цел едукација на најмладите за штетните последици од загадувањето на околината со електронски отпад.

Скопје, 21 април 2021 (МИА) – Во Скопје и официјално ќе почне изградбата на нов, брз и одржлив јавен транспорт, откако денеска Министерството за финансии, Градот Скопје и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) го потпишаа Договорот за заем за реализирање на проектот за Бас Рапид Транзит превоз, во износ од 70 милиони евра.

Со новиот транспорт се очекува директно да се намали сообраќајниот метеж, а со тоа и аерозагадувањето во делот на сообраќајот.

 

Back to top button
Close
Close