МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

21 април 2021

21 април 2021 

Струга – Телото на починатата стружанка што синоќа со нож ја уби сопругот, ќе биде дадено на обдукција, соопшти денеска Јавното обвинителство. 

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Струга извршил увид во станот во Струга каде била лишена од живот жена на возраст од 34 години. 

Македонска Каменица – Во Македонска Каменица се заокружува изградбата на системот за одводнување на атмосферските води. Изградбата на овој систем се реализира преку реализирање на договорот за изградба на атмосферска канализација спроведен преку системот за јавни набавки. 

– Со доизградбата на системот на атмосферска канализација целосно и трајно го решаваме проблемот со атмосферските води во нашиот град. Новите линии на атмосферска канализација околу Градскиот плоштад и улиците „Руенска“, „Рударска“, „Самоилова“ и дел од улица „Александар Македонски“ ги поврзуваме со постоечката мрежа, со што целосно го затвараме системот за одводнување, истакна градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова. 

Куманово – Синоќа на 44 годишна возраст загинал жител на село Арбанашко (општина Старо Нагоричане),откако со автомобил излетал од коловозот, соопштија денеска од СВР Куманово. 

На 19-ти април годинава во 23:15 часот било пријавено дека на локалниот пат село Драгоманце-село Арбанашко, во атар на Кокино, општина Старо Нагоричане, во непосредна близина на пат кој води за местото Опсерваторија-Кокино, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(44) од с. Арбанашко, излетало од коловозот. 

Кавадарци – Кавадарчани и росоманци можат да пријават штети од пролетен мраз кај земјоделски насади, информираа од општините Кавадарци и Росоман. 

Во јавните повици е појаснето дека треба да се јават оние кои претрпеле материјална штета од природна непогода-голомразица, која што го зафати подрачјето на територијата на овие општини во деновите 8, 9 и 10 април оваа година. 

Тетово – „Феникс сајклинг тим“ (Phoenix Cycling Team) е името на новиот велосипедски клуб формиран во јануари во Тетово. Клубот е член на Велосипедската федерација на Македонија. 

– Со самото членство во федерацијата нашите членови обезбедија лиценци за натпреварување и учество на клубот на професионални трки. Покрај тоа клубот согласно членството во федерацијата има обврска за организирање на натпреварување-трка и во местото на постоење значи во Тетово, вели претседателот Сенад Идризи. 

Тетово – Здружението за култура и уметност „Иљо Антески Смок“ од Тетово го распиша овогодинешниот конкурс за најдобра необјавена песна за деца, млади и возрасни на темите „Мајски Латици“ и „Ликот и делото на Иљо Антески Смок“. Ќе бидат избрани најдобри песни во категориите на учество: деца од четврто до деветто одделение, ученици во средно училиште и млади до 25 години и возрасни над 25 години. 

– Песните треба да се напишани на македонски јазик, во дадените теми и претходно да не се објавени. Конкурсот е отворен до 31 октомври 2021 година до кога треба да се испраќаат песните. За трите категории ќе следуваат една прва, две втори и три награди за трето место, за секоја група одделно. Добитниците ќе бидат прогласени на 30 ноември 2021, а наградите ќе се доделуваат за време на шестиот меѓународен литературен фестивал – „Поетски Латици-2022“, кој ќе се одржи во Музејот на КПМ во месноста Два Бреста во Тетово на 10 мај 2022 година во 19 часот, информираат од Здружението за култура и уметност „Иљо Антески Смок“. 

Back to top button
Close
Close