МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

20 април 2021

Дебар, 20 април 2021 (МИА) – Кривична пријава е поднесена против жител на дебарското село Могорче кој узурпирал земјиште сопственост на верски објект и изградил објект без соодветна дозвола.

– Одделението за внатрешни работи од Дебар поднесе кривична пријава против М.З.(58) од дебарското село Могорче поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење, изјави Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Скопје, 20 април 2021 (МИА) – Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кочани по преземени мерки и активности расчистиле „тешка кражба“ извршена ноќта помеѓу 18 и 19 месецов од маркет на ул.„Маршал Тито“ во Кочани.

Како што соопштија денеска од МВР, за кражбата осомничен сторител е А.С., сопруг на вработена во маркетот.

Охрид, 20 април 2021 (МИА) – Жител на Охрид е жртва на измама преку социјалните мрежи, во обид да се стекне со фиктивно наследство изгубил 4.500 евра.

Пред два дена тој во охридската полиција пријавил измама сторена на 1 март годинава преку социјалната мрежа „Фејсбук“.

Штип, 20 април 2021 (МИА) – Добитници на признанието „Во чест на поетот“, кое секоја година го доделува Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип се издавачката куќа „Матица“ и поетот, литературен критичар и антологичар Раде Силјан. Директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“, Горан Трајков вели дека годинава запазувајќи ги мерките се одлучиле манифестацијата наместо во живо да ја снимаат и да ја споделат на социјалните мрежи https://youtu.be/vtgXpM-uh7o.

Тетово, 20 април 2021 (МИА)- Донацијата од 500 комплети на постелнини, кои вклучуваат ќебиња, чаршафи, перници, како и навлаки за периници, со вкупна вредност од 10 илјади евра за тетовска клиничка болница. Оваа донација од Албанско-Американски културен центар во Тексас ќе биде наменета и користена за потребите на пациентите кои се хоспитализирани во тетовската клиничка болница. 

Кичево, 20 април 2021 (МИА) – Центарот на Кичево, традиционално секоја пролет, хортикултурно се уредува со засадување нови цвеќиња во жардињерите поставени на Булеварот „Ослободување“ како и жардињерите на самиот градски плоштад, потврди директорот на Комуналното претпријатие Зенел Јонузи.

Скопје, 20 април 2021 (МИА) – Отворена е сензорна соба во ООУ „25 мај“ во Скопје за учениците кои имаат пречки во разовјот. На свеченото отворање покрај градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски, присуствуваше и министерката за образование Мила Царовска, која истакна дека инклузивните училишта значат, квалитетно образование, односно образование во кое децата ќе знаат разликите да ги препознаваат како квалитет, наспроти можноста за дискриминација.

Тетово, 20 април 2021 (МИА) – Жена на возраст од 46 години од Тетово која била касната од бездомно куче вели дека ќе ја тужи општината поради тоа што смета дека општинските власти не преземаат доволно да се спречат ваквите чести напади. Таа била нападната од бездомно куче на 16 април, односно првиот ден откако и завршила и изолацијата поради Ковид-19.

 

Back to top button
Close
Close