МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

19 април 2021

Македонска Каменица, 19 април 2021 (МИА) – Македонска Каменица хортикултурно се уредува. Со уредувањето се опфатени јавните зелени површини, а работите ги завршуваат екипи на Јавното претпријатие „Камена Река“.
-Покрај пролетното чистење и третирање на зелените површини, започнавме и со хортикултурното уредување на јавниот простор околу Градскиот плоштад и Кејот на Каменичка Река. Акцијата за уредување на јавните површини во урбаниот дел на Македонска Каменица, ќе се одвива со динамика во зависност од временските услови, информираа од претпријатието.

Скопје, 19 април 2021 (МИА) –  Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ го потпиша договорот за реконструкција и обновување на општинските улици „Хусеин Бајрам“, 164 и 166 во населбата Крњево, а во наредниот период ќе се реконструира и по еден крак од улицата „Тасино Чешмиче“ и булеварот „11 Октомври“, информира Општина Центар.

Предвидена е изградба на нова водоводна, фекална и атмосферска канализација, реконструкција на коловозот и обновување на зеленилото, урбаната опрема и уличното осветлување.

Скопје, 19 април 2021 (МИА) – Полициска станица Карпош доби два мотоцикли кои ќе обезбедат поголема мобилност при извршување на теренските активности, информираат од Општина Карпош кои воедно се и донаторите на двата мотоцикли.

Како што велат оттаму, мотоциклите ќе се користат од полициските службеници за навремено и поефикасно извршување на работните задачи, особено во делот на зачувување на мирот и безбедноста на територија на Карпош.

Скопје, 19 април 2021 (МИА) – Водата за пиење е безбедна, покажуваат анализите од примероците за физичко-хемиска и микробиолошка анализа земени од 47 мерни места во Скопје.

Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираат дека во периодот од 12 до 16 април се земени вкупно 191 примероци за анализа.

Делчево, 19 април 2021 (МИА) – По сообраќајна несреќа која се случила 2007 година, 17-годишниот делчевец Дејан Белогазовски се здобил со стеноза на грлото и веќе 14 години дише со помош на вградени цевки-канели. Неговиот татко Гоце Белогазовски, информира дека за да може да зборува неговиот син, потребна е итна операција која не може да се направи во Македонија.

Скопје, 19 април 2021 (МИА) – Изложбата „Иван Велков, 90 години од раѓање“ во Чифте амам ќе може да се посети до 26 април 2021. Со одобрение и согласност на сопствениците кои ги отстапиле делата од нивните колекции, Националната галерија одлучи да ја продолжи поставката на изложбата поради голем интерес од нејзиното отворање пред еден и пол месец.

Гевгелија, 19 април 2021(МИА) – Запуштеното одморалиште на Црвен крст во Стар Дојран, во рамки на проектот за развој на деловни услуги за интегрирана грижа и поддршка, во блиска иднина ќе прерасне во центар за колективно здраво стареење.

За таа цел, организацијата на Црвен крст од Струмица планира во наредниот период од три години да обучи околу 80 лица од југоисточниот регион кои ќе добијат сертификати за асистенти и негуватели кои ќе може да ги пружат неопходните услуги на старите лица во дојранскиот центар, којшто се предвидува да биде како социјално – медицински центар, а не како класичен старечки дом.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close