МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

19 април 2021 

19 април 2021 

Скопје – Град Скопје ги објави повиците за доделување субвенции за купување велосипеди и електрични тротинети во 2021 година. Аплицирањето ќе се одвива онлајн, а право на учество имаат жителите на Град Скопје, од општините Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар Чаир и Шуто Оризари. 

-Граѓаните ќе можат да доставуваат фискални сметки за купен велосипед или електричен тротинет од почетокот на годинава, поточно од 1 јануари 2021 година. Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во износ од 50 проценти од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари по лице, и 30 отсто од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 7.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход. Повикот ќе биде отворен до исцрпување на средствата, а ќе се спроведува по принципот „прв дојден – прв услужен“, информира Град Скопје.  

Скопје – Општина Центар се приклучи на останатите 10 општини на градот Скопје, кои заедно ќе се вклучат во реализација на платформата Паметен Град, проект кој ќе помогне Скопје да стане технолошка современа метропола, информираат од општината. 

Како што велат од општината, на последната, 63-та седница на Советот на Општина Центар, меѓу останатите точки, се изгласала и Одлуката за воспоставување меѓуопштинска соработка со Град Скопје за реализација на платформата за паметно осветлување и дигитален град – Smart city (Паметен Град). Одлуката била излгасана на предлог на градоначалникот Саша Богдановиќ.  

Скопје – Без вода денеска од 9:40 часот се корисниците од улицата „Мирослав Крлежа“ од број 52 до 70 во Општина Центар. 

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје, прекинот е поради дефект на водоводната цевка Ф 400мм.на улица „Мирослав Крлежа“ бр.60.  

Велес – Во пресрет на најголемиот христијански празник, Воскресението Христово – Велигден, издавачката дејност на Повардарската Епархија „Св. Ѓорѓи Полошки“, со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, подготви и ги издаде од печат книгите: „Христос е слобода“, „Сродни души“ и „Сестри“, а го издаде и четвртото реиздание на „Давидовиот Псалтир“. 

Како што информира за МИА, Никола Цилаков од издавачката дејност „Св Ѓорѓи Полошки“ сите книги можат да се купат во црквите од Епархијата Повардарска, како и во црквите во другите епархии во градовите во земјава. 

Гевгелија, – Во Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово утре од 9 до 16 часот, доколку дозволат временските услови ќе се изврши прво ларвицидно прскање против комарци на жаришта утрвдени од општините.  

Општините апелираа до сопствениците на пчели да ги преземат неопходните мерки за заштита на пчелите и им се препорачува затворање во кошниците во периодот  на акцијата. 

Демир Хисар – Малата библиотека „Ал-Би“ во демирхисарското село Бабино, дом на илјадници книги, ја утврди програмата за одбележување на 23 Април – Светскиот ден на книгата и авторското право. 

Годинава заради ковид-мерки, традиционалната манифестација ќе биде одбележана онлајн на која за пријателите и членовите на библиотеката ќе бидат прочитани македонската и пораката на Генералниот секретар на УНЕСКО, Азуле Одре за книгата, ќе биде организиран квиз-натпревар за ученици од ОУ „Гоце Делчев“-Демир Хисар, а ќе има и омаж за значењето на книгата како најголем инструмент на знаењето. 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close