МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

16 април 2021

16 април 2021

Гевгелија – Општина Гевгелија ќе биде дел од проектот за промоција на родово одговорни политики и буџети кон транспаретно, инклузивно и одговорно управување во Северна Македонија кој се спроведува преку телото на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените.

– Локалната самоуправа на Гевгелија влегува во проектот како една од 10 општини во земјава со кои се проширува можноста за соработка и подршка за родово одговорно буџетирање со цел да го подобриме животот на жените и мажите како и на најранливите групи граѓани преку систематска и одржлива интеграција на родовата перспектива во сите фази на креирање политики и буџетирање, велат од општина Гевгелија.

Скопје – Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ денеска потврди дека инвеститорот преку е-системот на Општината поднел барање за градежна дозвола за првата зграда што е предвидена да се гради спроти „Холидеј ин“, меѓутоа, како што рече, барањето се уште не е правосилно.

– Инвеститорот си го поднесува проектот, си уплаќа комуналии и нормално дека си поднесува барање за одобрение. Моментот е што тој си аплицира во системот. Управната постапка завршува на крај со правосилност. Јас се уште не сум дал правосилност, изјави Богдановиќ.

Кичево – И покрај стагнацијата и благиот пад на бројот на новозаболени од Ковид-19 во Кичево, сепак драстично е зголемен бројот на смртни случаи. Како што информира Др.Неџат Балажи, само во текот на денешниот ден во модуларниот ковид центар во Кичево починати се четири лица на возраст од 59 до 73 години.

-Во нашата Општа болница се бележи стагнација од новозаболени лица, така од денес 23 тестирани, позитивни се десет лица или под 50 проценти, што е добар предзнак за наредните денови, кога очекуваме смирување на третиот бран. Дополнително потврда дека бројот на заболени е во благ пад е и денешниот број пациенти кои извршиле ренген снимка 36, кај 90 проценти од нив состојбата е далеку подобра за разлика од претходните петнаесетина дена, Балажи, началник на оддел, кој посочи дека во овој момент проблем во лекувањето на заболените е недостатокот на реагенси за проверка на д-димери.

Дебар – Заради овозможување непречен природен мрест на рибите и зачувување на рибниот фонд, на Дебарско Езеро во тек е забрана за риболов на скобал (скобуст), а следниот месец и на клен, крап и црна мрена.

– Во нашето езерото од вчера во сила е забраната за риболов на скобал што ќе трае до 15-ти мај. Исто така поради неодамнешното порибување со крап, до 30 јуни во сила е забраната на риболов на овој вид риба од месноста „Скали“ до месноста „Венец“. Во овој дел во езерските води, на крајот од минатиот месец, пуштивме 1.560 парчиња крап со тежина од еден до три килограми, изјави за МИА Дритан Боцку, претседател на Спортското риболовно друштво „Трофта“, кое е концесионер на езерото.

Гевгелија – Сите 400 антиковид вакцини од „Астра Зенека“ денеска беа потрошени во општата болница во Гевгелија и веднаш почнаа да се трошат новите 100 вакцини од втората пратка, исто така „Астра Зенека“, кои според динамиката на вакциналниот пункт ќе ги потрошиме до следниот вторник, 21 април, рече докторката Тодорка Окова.

Директорот Митко Крџев нагласи дека постои голем интерес за вакцинирање кај граѓаните од старосната група над 70 години и дека се чекаат насоки од ресорното Министерство како и со кое темпо ќе продолжи вакцинацијата против Ковид-19 во гевгелискиот вакцинален пункт.

Кичево – Од Здружението на пензионери во Кичево информираа дека од наредната недела подружницата на шумското стопанство „ Лопушник“ ќе почне со испорака на огревно дрво и како ќе се обезбедуваат залихи во шумата, така пензионерите сукцесивно ќе бидат снабдувани со овој енергенс.

-Од Подружницата на ШС„ Лопушник“ Кичево ни најавија дека од наредната седмица ќе почнат со испорака на огревно дрво за нашите пензионери, кои одлучија да се снабдат со дрва за огрев на осум еднакви рати. Оттаму велат дека моментално имаат обезбедено над 200 кубици огревно дрво даб и бука, кои ќе бидат испорачани во наредните две недели или над 30 наши колеги уште во април ќе ги добијат дрвата за огрев. Има ветување дека сите термини што се договорени ќе бидат испочитувани и до крајот на летото ќе биде испорачан и последниот кубик огревно дрво, вели Душан Ристоски, претседател на Здружението на пензионери од Кичево.

Тетово – За овие две недели колку што трае вакцинацијата во Здравствен Дом Тетово вакцинирани се 576 жители од шестте општини во тетовскиот регион во категоријата на граѓани над 77 години. Претежно биле закажувани по 80 термини дневно, а просечно околу 60 до 70 луѓе ја искористувале можноста за вакцинација.

-Од 2 април кога започна вакцинирањето во вакциналниот пункт при Здравствен дом Тетово до денес во 12 часот вакцина примиле 576 лица во категорија над 77 години. По примањето на вакцините не се јавени проблеми кај луѓето, информира Дрита Зибери од пунктот.

Таг

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close