МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул  

16 април 2021 

16 април 2021  

Скопје – Познатиот македонски ракометар Филип Миркуловски на учениците од четврто одделение од ООУ „Рајко Жинзифов“ од општина Кисела Вода им одржа онлајн едукативно предавање, информираат од Општината. 

Како што велат оттаму, Миркуловски на децата им зборувал за неговите почетоци во ракометот, им кажал што треба да прават за да ги постигнат неговите спортски успеси и нагласил зошто е важно да се спортува, одговарајќи им на сите прашања поврзани со спортот. 

Тетово – Општина Јегуновце доби донација од осум лаптопи од НЛБ Банка кои ќе им бидат доделени на ученици од социјално ранливи категории од  општинското основно училиште „Симче Настовски“ во Вратница, за следење настава на далечина. 

–Благодарност до Министерството за образование и наука и НЛБ Банка, општествено-одговорна компанија која продолжува да дава поддршка и подобрување на социоекономските прилики на локално ниво. Донацијата од осум лаптопи ќе се доделат на ООУ „Симче Настовски“ – Вратница за успешно следење на наставата во време на вонредни услови, предизвикани од пандемијата на коронавирусот, информираше градоначалникот Дарко Блажевски. 

Штип – Во фоајето на Центарот за култура „Ацо Шопов“ изложени се дела од 16 автори. Изложбата е по повод Светскиот ден на уметноста и раѓањето на генијалниот Леонардо Да Винчи. Публиката може да види графики, цртежи и акварели. Директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“, Горан Трајков истакна дека идејата за отварање на изложбата е да придонесат граѓаните да се опуштат од секојдневието во кое се наоѓаат. 

-Уметноста е секогаш тука да не води напред и се надеваме дека во текот на овој месец, секој граѓанин, кој ќе сака малку да се опушти да ја виде ликовната уметност, историјата на Центарот за култура „Ацо Шопов“ да дојдат да ја посетат од 10 до 18 часот, секој ден, вели Трајков. 

Штип – Во штипскиот ковид – центар денеска се хоспитализирани 86 пациенти, но 57 од нив се на постојана кислородна поддршка. Тоа значи дека 66 отсто од пациентите се зависни од кислород. 

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека поради тешката клиничка слика на пациентите, кои болнички се лекуваат овие денови потрошувачката на кислород достигна и над еден тон. 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close