МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул 

13 април 2021 

Скопје – Во рамки на проектот „Корупција? Не во мојата општина!“, Oпштина Карпош беше една од единиците на локланата самоуправа во која се даваше бесплатна правна помош на граѓаните, а тие се информираа како да препознаат и пријават корупција. 

Проектот е спроведен од Коалицијата „Сите за правично судење“, со поддршка од Фондацијата отворено општество Македонија (ФООМ) и УСАИД. На завршната онлајн дискусија учествуваа претставници од граѓански организации, градоначалникот Стефан Богоев, како и координаторите на советничките групи, Филип Даскаловски од СДСМ и коалиција и Тони Јаревски од ВМРО– ДПМНЕ и коалиција. 

Скопје – ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционирале 152 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. 

Од ЈП ПОЦ информираат дека во периодот од 05 до 11 април 2021 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на јавното претпријатие се отстранети 63 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ се санкционирани 89 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани. 

Делчево – Две групи деца, двајца негуватели и еден воспитувач од делчевската градинка „Весели цветови“ се во изолација поради случаи на Ковид-19 во установата. Како што информираше директорката на градинката Билјана Симовска, изолацијата на вкупно 27 деца ќе заврши на 16 април, по што градинката ќе функционира со полн капацитет. 

-Најголем дел од персоналот ја има прележано болеста, така што може да се каже дека има имунитет во установата. Сите позитивни се со лесни симптоми, немаат здравствени проблеми. Откако имаме почнато со работа, во градинката имаме четири случаи на деца заболени од Ковид-19. Помеѓу самите нив трансмисија немаме, поголем дел од трансмисијата е помеѓу персоналот, вели Симовска. 

Тетово – Приведен е 31 годишен жител од тетовско Порој вчеравечер на паркинг од фирмата во селото, а притоа кај него се најдени над 100 пакувања кокаин и марихуана. 

Лицето А.Б.(31), кој требало да биде приведен, се однесувал агресивно и физички ги нападнал полициските службеници. 

 

 

Back to top button
Close
Close