МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

4 март 2021

4 март 2021

Тетово – На подрачјето на Тетово и петте рурални општини има 7588 повеќе невработени, покажуваат податоците на Центарот за вработување ако се споредуваат 2020 и 2021 во овој период. Во март 2020 имало 13194 невработени, додека сега на 28 февруари се евидентирани 7588 повеќе односно 20782 невработени. Поради Ковид-19 кризата без работа останале 1157 лица.

Кичево – Вработените во територијалната против-пожарна единица (ТППЕ) од Кичево во текот на оваа календарска година имале над 30 интервенции на пожари, претежно на отворен простор. Последниот и најголем пожар што избувна вчера кај селото Колари е целосно изгаснат, по интервенција за кичевските пожарникари со едно возило.

Крива Паланка – Општина Крива Паланка и Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Крива Паланка објавија јавен повик за обука и сертифицирање на негователи на стари и изнемоштени лица од општината за потребите на проектот Одоговорни институции – среќни граѓани, финансиран од Министерството за труд и социјална политика и Светска Банка.

Конкурсот е објавен во рамки на проектот за подобрување на социјалните услуги, предвидува обука на негуватели и негувателки за помош и нега на стари лица и лица со попреченост, а сите кои ќе бидат обучени  ќе се стекнат со верификуван сертификат.

Штип – СДСМ во својата постапка за избор на кандидати за градоначалници тргнува од анкети, односно го проверува гласот на граѓаните што мислат тие за кандидатите, потоа централата прави селекција, и на крајот се општинските конференции во СДСМ за избор на кандидатите. Ние оваа постапка ќе ја водиме јуни, јули, август, затоа  што септември прва половина е кампањата, а прва половина на октомври е првиот круг на изборите.

Скопје – Важно е растот и развојот на општините да продолжи согласно сите можности и процедури што ги нуди Законот за урбанистичко и просторно планирање, порача денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, по вчерашната одлука на Уставниот суд за укинување на мораториумот за градење во Општина Центар.

Скопје – Сообраќајот на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – село Врбјани, ќе биде во прекин денеска помеѓу 12:00 и 15:00 часот во времетраење од 15 до 20 минути, информираат од АМСМ.

Кичево – Покрај поддршката на голем број проекти од областа на културата, Министерството за култура намени средства и за инвестиции и подобрување на условите за престој и работа во центрите за култура. Во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево ќе бидат сменети вратите и прозорците, а ќе биде набавена и нова опрема за осветлување на театар салата.
-Со средства што ги обезбеди Министерството на култура, во текот на оваа календарска година ќе бидат сменети вратите и прозорците на Ц.К .„Кочо Рацин“ во нашиот град. За овој зафат се наменети 655.000 денари и се планира промена на прозорците во кацелариите и вратите и прозоците од влезот на центарот. Ако овие средства не се доволни, ќе надополниме и со средства од наши заштеди. Во овие 40 години, од почетокот со работа до сега, не се променети вратите и прозорците, што бара и поголема потрошувачка на енергија за негово затоплување, рече Мазлам Османи, директор на центарот.
Скопје – Премиерот Зоран Заев и градоначалникот на Општина Свети Николе Сашо Велковски денеска беа на увид на новата пешачка и велосипедска патека во Општина Свети Николе, која веќе е готова и подготвена за користење.
Како што соопштуваат од владината прес-служба, велосипедската и пешачка патека, води од Свети Николе до археолошкиот локалитет Била Зора во селото Кнежје и е долга околу 2.100 метри.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close