МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

26 февруари 2021

Куманово, 26 февруари 2021 (МИА) – Општина Куманово објави оглас за запрашување против инсекти, дезинсекција, дератизација против крлежи, лебарки и комарци. Од одделението за јавни набавки денеска информираа дека за оваа намена ќе се одвојат милион денари без вклучен ДДВ.

Заинтересираните оператори треба да достават соодветна документација, како и потврда за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде е регистриран и да му е издадена дозвола за вршење на дејноста дезинфекција, дезинсекција и дератизација заради спречување и сузбивање на заразните болести во објекти кои не се здравствени установи, училишни и предучилишни установи, установи за сместување на деца и младина и социјални установи, како општа мерка за заштита на населението од заразни болести издадена од Министерството за здравство.

Делчево, 26 февруари 2021 (МИА) – Се зголемува интересот за детското одморалиште на Голак, кое повеќе од 30 години стои руинирано и е оставено да се распаѓа на забот на времето.
Градоначалникот на Делчево Горан Трајковски информираше дека се поголем е бројот на заинтересирани луѓе од земјава и од странство кои сакаат да инвестираат во обнова на објектот.

Гевгелија, 26 февруари 2021(МИА) – Неповолната епидемиолошка состојба, присутна последниве денови во Гевгелија и регионот, како и примената на мерките за заштита од ширење на коронавирусот, придонесе денеска, на барање од Општинскиот кризен штаб, повторно да се почне со дезинфекција на улиците и јавните површини по населените места.

За спроведување на дезинфекцијата се задолжени јавното претпријатие „Комуналец“ и ПЕ на Центарот за јавно здравје во Гевгелија од каде велат дека со заштитно средство денеска е извршено миење на улиците во селата Мрзенци, Негорци, Прдејци и Богородица.

Куманово, 26 февруари 2021 (МИА) – Општина Куманово го објави тендерот за заловување кучиња скитници. За оваа намена предвидено е да се одвојат 1.271.000 денари без вклуен ДДВ, информираат од
Одделението за јавни набавки од Општина Куманово.
Заинтересираните оператори треба да достават соодветна документација, меѓу нив и потврда за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран и решение за регистрација на објект-прифатилиште за сместување на кучиња скитници и нерегистрирани кучиња издадено од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Дебар, 26 февруари 2021 (МИА) – Локалната власт на Дебар ја почна акцијата за уривање на стари објекти што претставуваат голем ризик за безбедноста на граѓаните.

Низ градот има повеќе вакви објекти, чии сопственици живат,главо во САД а истите се оставени на забот на времето. Дел од нив се оставени поради нерешените имотно правни односи.

 

Back to top button
Close
Close