Скопје, 26 февруари 2021 (МИА) – Советот на Општина Центар, на последната 61-ва седница ги донесе Програма за поставување урбана опрема за дел од подрачјето на Општина Центар за период од 2020-2025 и Одлуката за утврдување потреба за поставување на урбана опрема и условите, начинот и постапката за издавање одобрение за поставување урбана опрема на јавни површини.
Од општинската прес-служба информираат дека задача и цел на донесените документи е да се унапреди јавниот простор, да се подобри неговото користење, да се овозможи насочување и заштита на сите учесници во сообраќајот и да се обезбеди заштита на јавниот интерес.
Скопје, 26 февруари 2021 (МИА) – Водостојот на речиси сите реки во земјава денеска е намален во однос на вчерашниот ден, покажуваат денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.
За пет сантиметри е намален водостојот на Вардар кај Скопје и Велес, за осум сантиметри на Црна Река кај Новаци, а кај останатите реки за два до три сантиметри.
Скопје, 26 февруари 2021 (МИА) – На патниот правец Кичево-Охрид кај делницата Пресека -Врбјани денеска меѓу 12 и 15 часот ќе има краткотраен прекин на сообраќајот поради минирање.
Прекинот, како што информира Авто Мото сојузот на Македонија, ќе биде во времетраење од 15 до 20 минути.