МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

23 февруари 2021

Kуманово, 23 февруари 2021 (МИА) – Најголемото влијание за евидентно зголемената цена на новоизградени станови во Куманово главно се должи на пазарната економија, а во помала мера и на зголемените комунални давачки и примената на одлуката на Советот со која се дозволува 50 проценти искористеност на градежната парцела, истакна градоначалникот Максим Димитриевски на седница на Советот на општината.

На прашањето од советникот Зоран Петрушевски од опозицијата дали заострените одлуки на Советот придонеле за зголемување на цената на квадрат кој во одредени атрактивни зони во Куманово достигнува и цена од над 800 евра за квадрат, Димитриевски рече дека на овој начин се става ред во урбанистичкото живеење и нагласи дека и во иднина ќе се применува одлуката.

Гевгелија, 23 февруари 2021 (МИА) – Докторката Благица Самарова, родена во Негорци, и нејзиниот сопруг, радовишанецот Иван Самаров, сопственик на камионска фирма, кои живеат и успешно работат во САД, денеска донираа 20 лаптопи на основното училиште „Ристо Шуклев“ од Негорци.

Алтруизмот како вистинска вредност во животот, велат, го стекнале во основното образование, па својата благодарност за тоа што го постигнале до денеска ја изразувале преку донации за училиштата во Негорци и Радовиш каде завршиле основно образование.

Скопје, 23 февруари 2021 (МИА) –  Советот на Град Скопје денеска донесе Одлука за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градното земјиште на подрачјето на градот Скопје за 2021 година, со што е предвидено да се продолжи изградбата на булеварот „Борис Трајковски“ до Драчево. 

Град Скопје информира дека се работи за капитален инфраструктурен проект со кој ќе се продолжи булеварското решение на потег од влезот во населбата Пинтија до Драчево, во должина од над два километри.   

Куманово, 23 февруари 2021 (МИА) – Волонтерите од општинската организација на Црвениот крст Куманово, поделија пакети со прехранбени и хигиенски продукти за ранливи категории семејства од козјачкиот регион, општина Старо Нагоричане.

-Денеска волонтерите од општинската организација на Црвен крст Куманово ги посетија селата Арбанашко, Рамно, Буковљане, Цветишница и Дејловце воедно и најпогодените од студениот бран кој го зафати овој регион изминатиов период. При посетата волонтерите доставија хуманитна помош во вид на семејни прехрамбени пакети за 24 социјлано загрозени семејства од овие села, изјави секретарот на општинската организација, Бојан Петрушевски.

Скопје, 23 февруари 2021 (МИА) – Без вода денеска ќе останат корисниците на улица „Филип Филиповиќ“ и дел од „Гемиџиска“.

Корисниците ќе бидат без вода од 12:45 часот поради дефект на приклучна ф1“ на улицата „Филип Филиповиќ“ бб.

 

Back to top button
Close
Close