МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

11:30/12 септември 2019

11:30/12 септември 2019

Прилеп, 12 септември 2019 (МИА) – Театарската работилница – Прилеп и Центарот за култура „Марко Цепенков“ по покана од Здружението на граѓани „Вардар” од Ниш, денеска и утре ќе гостуваaт на „Денови на македонската култура“ во Ниш.

Скопје, 12 септември 2019 (МИА) – Град Скопје ги информира граѓаните дека поради градежни активности за поставување попречна решетка за прифаќање атмосферски води, од денеска во наредните 10 дена комплетно ќе биде затворен за сообраќај кракот на улица „Христо Татарчев“, на потегот од „Енергосистем“ до новиот кружен тек.

Кичево, 12 септември 2019 (МИА) – Општина Кичево информира дека заврши јавниот повик за прибирање понуди за реконструкција на парк-шумата во срцето на Кичево наречена „Китино кале“.

Скопје, 12 септември 2019 (МИА) – Без електрична енергија утре во периодот од 08:00 до 12:00 часот ќе бидат корисниците од улиците со броевите: 406, 415, 500 во Општина Илинден.

Штип, 12 септември 2019 (МИА) – Во Домот на млади во Штип почна првата ликовна колонија насловена „Колонија на различностите“, која е резултат на соработката на младиот Христијан Митевски и Домот на млади, со поддршка на Министерството за култура.

Струмица, 12 септември 2019 (МИА) – Делегација од Општина Радовиш предводена од градоначалникот Герасим Конзулов престојуваше во официјална посета на збратимената Општина Селчук, Република Турција, со која е обновена соработката воспоставена уште од времето на СФРЈ.

 

 

Back to top button
Close
Close