МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

22 февруари 2021

Струмица, 22 февруари 2021 (МИА) – Со одржување на завршниот испит од првиот циклус Општинската организација на Црвен крст Струмица ја заврши обуката на 15 лица за пружање на услугата помош и нега во домот на стари и лица со попреченост.

-Лицата кои ја завршија обуката и го положија завршниот испит добија сертификати, со кои во иднина ќе можат да се вработат и да ја пружат оваа услуга. Интересот за оваа обука и голем и ние ќе продолжиме и понатаму да ја изведуваме, рече Марија Тошева, секретар на струмичкиот Црвен крст.

Кичево, 22 февруари 2021 (МИА) – Осумнаесет ученици во ОУ „Мустафа Кемал-Ататаурк“ од село Пласница се уште немаат компјутери за да следат онлајн-настава. Но бројот е помал во споредба со почетокот на учебната година кога без ИТ-уреди беа 58 ученици.

Македонско-турската комора во земјава обезбеди 40 нови компјутери за исто толку ученици од ова училиште, кои ќе им бидат на располагање се додека наставата од петто до деветто одделение.се одвива на далечина.

Скопје, 22 февруари 2021 (МИА) – Почна поставување канализациска мрежа во должина од 450 метри на улица „5“ и крак на улицата во населеното место Петровец.

Финансиските средства, како што соопшти Општината, во целост се обезбедени од Буџетот на Општина Петровец и изнесуваат околу 1.500.000 денари.

Велес, 22 февруари 2021 (МИА) – Здравствените работници од Општата болница во Велес се вакцинираат против Ковид-19 во модуларната болница при Инфективна клиника во Скопје.

-Вкупно 84 здравствени работници од оваа јавна здраствена  установа кои веќе една година се вклучени во борбата со Ковид-19, во текот на денешниот и утрешниот ден ќе ја примат вакцината против Ковид-19, изјави портпаролот на болницата, Елеонора Јованова.

Тетово, 22 февруари 2021 (МИА) – Полициска контрола на сообраќајот на тетовското подрачје, за шест часа изрекла 70 мерки за пречекорување на максимално дозволената брзина надвор од населено место. Спроведена е акциска контрола за брзина од 11 до 17 часот.

Како што информираат од СВР Тетово, од 70-те мерки, четири се однесувале за пречекорувања поголеми од 70 километри на час, а 34 за пречекорувања од 50 до 70 километри.

Гевгелија, 22 февруари 2021(МИА)- Дворот на детската градинка во Негорци ќе го красат 38 јасенови дрвја што во чест и сеќавање на Игор Мицев, член на културно уметничкото друштво „Негорци“ кој почина на 38 години, беа засадени по иницијатива на негови сограѓани, пријатели и блиски роднини.

Садниците ги обезбеди подружницата на Шумското стопанство „Кожуф“ од Гевгелија, а во акцијата учествуваа и претставници на локалната самоуправа од Гевгелија, предводени од градоначалникот Сашо Поцков.

Скопје, 22 февруари 2021 (МИА) – Поради уличен дефект на водоводна мрежа Ф 100мм без вода се корисниците од ул. Христо Татарчев крак 11. во населбата Кисела вода. Тие ќе имаат прекин во водоснабдувањето до санирање на дефектот.

 

Back to top button
Close
Close