МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

18 февруари 2021

Струмица, 18 февруари 2021 (МИА) – На плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица денеска повторно е поставена ѕвездата на најдобриот македонски фудбалер, Горан Пандев, која беше искорната и украдена во ноември 2018 година.

– Верувам дека овој пат ѕвездата на Пандев нема да му пречи на никој и ќе остане на градскиот плоштад. Ќе ја чуваме исто како и што се радуваме на успесите на Пандев и промоцијата на нашата општина и држава, рече градоначалникот Коста Јаневски.

Струмица, 18 февруари 2021 (МИА) – Центарот за култура од Струмица го објави конкурсот за 22 Меѓународен фестивал на карикатура и афоризам „Струмица 2021“, кој се одржува во рамки на Интернационалниот Струмички карневал на тема „карневал-еротика“.

Според пропозициите на конкурсот за афоризам секој автор може да учествува најмногу со десет афоризми отпечатени во три примероци со шифра и со податоци за авторот во затворен плик. Учесниците можат да учествуваат  со повеќе трудови од десет афоризми со шифра за секој труд.

Гевгелија, 18 февруари 2021 (МИА) – Директорот на Агенцијата за развој и подршка на туризмот, Љупчо Јаневски, ја посети општината Дојран каде реализира состанок на кој се разговарало за подготовките на општината за претстојната летна туристичка сезона, објави на својот Фејсбук пофил дојранскиот градоначалник Анго Ангов.

На состанокот, вели Ангов, се разговарало за нови идеи и можности кои можат да се искористат во функција на туристичката сезона и за нови туристички атракции, на кои се работи во моментот, со цел да се зголеми бројот на домашни и странски гости во Дојран.

Дебар, 18 февруари  2021 (МИА) – Поширокиот дебарски регион е надалеку познат по вековниот соживот и верска толеранција што како светост ги негуваат неговите жители и до ден денес.

Освен што заедно делат се што носи животот, има многу примери, низ вековите, како едни со други во тешки моменти си помагале. За еден од нив, кога попот Кирил ги спасил Албанците и градот Дебар во далечната 1918 година пишува и Епископ Партениј, Игумен на Свештената Бигорска Обител, базиран на сведоштво на дебранец и исторски факти.

Штип, 18 Февруари 2021 (МИА) – Заврши реконструкцијата на основното училиште во селото Крупиште, Општина Карбинци.

Според градоначалникот на Општина Карбинци, Јордан Насев, училиштето има комплетно нов лик, а реконструкцијата беше неопходна поради опожарување на дел од објектот пред две години.

Кочани, 18 февруари 2021 (МИА) – Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица во Кочани во текот на оваа недела имале по неколку интервенции дневно за гаснење запалени оџаци на станбени објекти.

Тие апелираат до граѓаните навремено да ги контролираат и да ги исчистат димоводните канали, за да спречат пожари и поголеми штети на нивните домови.

Битола, 18 февруари 2021 (МИА) – Во Битола се оштетени повеќе автобуски стојалишта од јавниот градски превоз.

Како што соопшти Секторот за односи со јавност на Општина Битола, искршени се или оштетени објектите на стојалиштата кои претходно беа целосно реконструкирани и исчистени.

 

 

Back to top button
Close
Close