МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

17 февруари 2021

17 февруари 2021

Скопје – Во скопската населба Топанско Поле денеска ќе биде поставен камен темелник за изградба на дополнителен објект на ОУ „Исмаил Ќемали“ (поранешно ОУ „Рајко Жинзифов“), соопшти Општина Чаир.

Новиот објект, како што информираа од ова скопска општина, ќе има два ката и со тоа ОУ „Исмаил Ќемали“ ќе добие осум нови училници со современи услови за одвивање на едукативно-образовниот процес.

Битола – СВР-Битола санкционирала несовесни возачи кои низ сообраќајниците во градот возат без возачка дозвола или со нерегистрирано возило.

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Битола биле спроведени засилени контролни активности на патниот сообраќај, при што биле откриени и санкционирани тројца возачи кои не поседувале возачка дозвола, три возила со истечена регистрација, 17 непрописно паркирани возила и 12 возачи кои зборувале на мобилен телефон додека возеле.

Штип – Осумте фирми, кои добија земјиште под закуп за поставување на фотволтаични централи со капацитет од 25 мегавати електрична енергија, кај светиниколското село Амзабегово се спремни да почнат со градба и поставување во јуни, а целата постапка би траела еден месец, информира за МИА градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски.

Тој посочи дека тоа било кажано на вчерашната средба, на којашто присуствувале и претставници од неколку министерства.

Куманово – Здравствен дом Куманово интензивно се подготвува за претстојната вакцинација на здравствените работници со вакцина против коронавирусот, соопштија денеска надлежните од здравствената установа.

Тимот веќе проследил обука, подготвена е посебна просторија со посебен влез одвоен од просторот каде што сега се спроведува вакцинација за најмладите. Надлежните од јавната здравствена установа велат дека заинтересиран кадар за вакцинација од оваа установа, околу педесетина лица, но предност ќе имаат вработените од Итна помош Куманово.

Куманово – Општина Куманово објави два одделни огласи за изградба на пешачка патека и за реконструкција на две улици во приградска населба, соопштија денеска надлежните од одделението за јавни набавки од општина Куманово. Заинтересираните компании можат да достават понуди до први март, годинава кога е закажано отворање на понудите во општината.

За изградба на пешачка патека и дел од улицата „АСНОМ“, од. „Васко Карангелевски“ и „АСНОМ“ општината планира да одвои 5 милиони 254 илјади денари без вклучен ДДВ. Економските оператори треба да достават потврда за регистрирана дејност, дозвола од Министерството за транспорт и врски, да оствариле позитивен финансиски резултат последниве три години и да располагаат со соодветна механизација за изведување на градежни активности на терен.

Back to top button
Close
Close