МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

16 февруари 2021

Скопје, 16 февруари 2021 (МИА) – Без вода денеска од 13:50 часот се корисниците од улиците „Арсо Мицков“, „Пекљане“, „Борис Бојаџиски“, „Антон Чехов“ и „Шар Планина“ во населбата Даме Груев.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје, прекинот е поради дефект на огрлица ф-80мм на улицата „Арсо Мицков“ бр.8.
Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот.

Богданци, 16 февруари 2021 (МИА) – Четворица ученици од средното училиште во Богданци  добија од Министерството за образование и наука стипендии за средношколци откако ги исполнија уловите од конкурот за доделување вкупно девет стипендии.

Три од четирите стипендии ги добиваат средношколци од Богданци од текстилно кожарската струка, односно од секторот текстил, кожа и слични производи, а една стипендија доби ученичка од здравствена струка, профил медицинска сестра.

Скопје, 16 февруари 2021 (МИА) –  Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга-Дебар е укината, информира денеска Автомото сојузот на Македонија.

Од АМСМ соопштуваат и дека има забрана за сите видови моторни возила на патниот правец Р2248 помеѓу селата  Ранковце и Герман.

Скопје, 16 февруари 2021 (МИА) – Прекин на водоснабдувањето денеска ќе имаат дел од корисниците во Гази Баба и во населба Ѓорче Петров.

-Поради уличен дефект на ф-100м на улица „Сава Михајлов“ 5а во Гази Баба, прекин на водоснабдувањето ќе имаат корисниците од улиците „Сава Михајлов“ , „Тодор Чопов“, „Тодор Ецов“ и „Константин Петровиќ“. Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на активностите, информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Скопје, 16 февруари 2021 (МИА) – Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка е укината претпладнево во 11:30 часот,  информираат од ЈП „Македонија пат“.

Претходно, во 10:00 часот претпладнево беше укината забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово-Дебар.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close