МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

11:30/4 септември 2019

11:30/4 септември 2019

Крива Паланка, 4 септември 2019 (МИА) – Со сопствени средства од буџетот на основното општинско училиште „Илинден“, Крива Паланка, извршена е комплетна замена на внатрешната столарија во матичниот објект на училиштето, а тековно се врши реконструкција на санитарните јазли во еден крак од објектот.

Скопје, 4 септември 2019 (МИА) – Дел од корисниците од село Батинци денеска ќе бидат без вода за пиење поради дефект на огрлица со пречник од 80 милиметри на улица „7“ бр. 5 во Батинци.

Битола, 4 септември 2019 (МИА) – Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола по првиот уписен рок регистрира 1.015 пријавени кандидати за студирање во прва година, а со оглед дека беа огласени 2.935 места, во вториот рок ќе може да се запишат уште 1.920 идни студенти.

Штип, 4 септември 2019 (МИА) – Штипските пожарникари рано утринава го локализираа пожарот меѓу селата Селце и Драгоево на планината Серта. Командирот на ТППЕ-Штип Тони Атанасов вели дека пожарот којшто почнал вчера доцна попладнето го гаснеле до 23 часот, а утринава до осум часот го локализирале.

Скопје, 4 септември 2019 (МИА) – На корисниците од населбата Долно Лисиче во Скопје им е прекинато водоснабдувањето изутрина од 8:55 часот.

Back to top button
Close
Close