МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

5 февруари 2021

Неготино, 5 февруари 2021 (МИА) – Здружението „Ековита” од Неготино реагира дека надлежни субјекти недоволно воделе грижа за дрвја во градското подрачје.

-Дрворедите на главната улица во Неготино се наоѓаат во многу тешка состојба. Поголемиот дел од дрвјата на тротоарите кои се задушени од сопствениот раст, го подигнуваат тротоарот за да се ослободат од стегите. За жал некои од овие дрвја се исушија, исечени се и ги загубивме. Решението не е во сечење на дрвјата. Едноставно само треба да се ослободат дрвјата во основата за да можат нормално да се развиваат во ширина, рече Сашко Тодоров, дипломиран инженер биолог, претседател на Здружението.

Гевгелија, 5 февруари 2021(МИА) – По неполн месец од потпишувањето на договорот за јавно приватно партнерство со чешката компанија „ИЦС Системи“ со чија помош треба да се модернизира јавното осветлување, Општина Валандово најави дека ќе испитува дали дошло до негово прекршување поради сомнеж дека компанијата потпишала договор со локална фирма од Фурка да фигурира како главен изведувач.

-На Фејсбук локалната фирма од Фурка објави фотографии од чинот на потпишување и текст дека ќе биде ангажирана за работа на терен, што е спротивно од договорот што го потпишавме во кој децидно се наведува дека чешката компанија нема да ангажира подизведувач, велат од Општина Валандово.

Кавадарци, 5 февруари 2021 (МИА) – Ако сакаме да имаме ефикасност во работењето, ако сакаме да имаме зголемена безбедност на граѓаните, ние мораме  да имаме и мотивирани полициски службеници. За да имаме мотивирани полициски службеници, првиот предуслов е да направиме добри услови за работење и добро да бидат опремени. Секако, да имаат и добри месечни примања, со цел и економски да бидат сигурни и стабилни заедно со семејствата, порача денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Кавадарци, каде по 40 години е реконструирана зградата на полицијата.

Гевгелија,5 февруари 2021(МИА) – Откако изминатата година беше извршена речиси комплетна ентериерна и екстериерна реконструкција на детските градинки во општина Гевгелија и нивните магазински простории, годинава вложувањата за најмалите се насочени кон набавка на нов инвентар кој ќе им овозможи подобри услови за престој во градинките.

Од градинката информираат дека се набавени нови детски креветчиња за јаслената група во градинката во Миравци, нови столчиња за централната детска градинка ,,Детска радост,, во Гевгелија и нови кујнски апарати за градинките ,,Цветови,, и ,,Сончогледи,,.

Куманово, 5 февруари 2021 (МИА) – Општина Куманово распиша јавна набавка за одржување на јавно прометни површини за една година. Од одделението за јавни набавки на општината информираат дека за оваа набавка предвидени се 34.740 милиони денари без ДДВ.

Компаниите што можат да се пријават треба да документ за регистрирана дејност, лиценца Б издадена од Министерството за транспорт и врски, да имаат позитивни финансиски резултати последниве три години. Економските оператори мораат да имаат и поголем број на градежни инжинери и механизација соодветна за изведување на градежните активности која е детално наведена во јавната набавка, како и да имаат искуство во оваа дејност. Понудите треба да се достават до 4 март, годинава.

Кочани, 5 февруари 2021 (МИА) – Најголем интерес за мерката за самовработување со грант, односно за почнување сопствен бизнис покажале младите во Кочани од владиниот сет антикризни мерки во услови на пандемија од Ковид-19.

Според податоците од Центарот за вработување во Кочани, оваа мерка досега ја искористиле 46 невработени млади лица кои ги исполнувале пропишаните услови, иако бројот на поднесените барања бил поголем.

 

Back to top button
Close
Close