МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

4 февруари 2021

Гевгелија, 4 февруари 2021 (МИА) –  Министерот за транспорт и врски најавува фокус на  проектите за изградба на магистралните гасоводи, паралалелно со што, како што вели, општините ќе работат на проектите за секундарните  мрежи.Пандемијата, порача денеска, ќе ја победиме само со инвестиции.

Очекува во текот на летото да биде издадено одбрение за кракот од Неготино до Гевгелија и тендер за изградба до крајот на годината.

Скопје, 4 февруари 2021 (МИА) –  Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски на денешната прес-конференција ја презентира работата на локалната дминситрација во текот на неговиот мандат, откако, како што вели, се најде на мета и напади од лажни вести. Тој посочи дека  во текот на работниот мандат, како градоначалник реализирал асфалтирање на улици, дополнително се поставени и павер елементи, како и поставување на подземна инсталација, како што се фекална, атмосферска канализација и нови водоводни мрежи.

-За сите инвестиции од страна на Општина Кисела Вода, во изминатите три години имаме направено стотици испитувања од страна на надворешни компании што биле избрани на тендер, да го вршат надзорот во општината. Единствен и овластен претставник што може да врши надзор е фирма што е официјално избрана на тендер. Тенденциозните и лажни вести треба да прекинат, а Општина Кисела Вода стои на располагање за сите граѓани и за сите институции што сметаат дека треба да учествуваат во проверката на квалитетот на извршените работи во општината, истакна Темелковски.

Гевгелија,4 февруари 2021 (МИА) – Социјалната зграда со 52 стана што се гради во Гевгелија се очекува да биде завршена и пред рокот – март 2022 година, информира министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при денешниот увид на градежните работи.

Тој потенцираше дека станува збор за инвестиција во износ од 80 милиони денари и оти работите се одвиваат со одлична динамика.

Скопје, 4 февруари 2021 (МИА) – Основниот буџет на Општина Центар за оваа година изнесува 756 милиони денари и 100 илјади денари, што, според градоначалникот Саша Богдановиќ е рекорден буџет. Новите капитални инфраструктурни инвестиции кои се планираат за 2021 година се однесуваат на улиците „Орце Николов“, „Мирослав Крлежа“, „Аминта Трети“, потоа подобрување на енергетската ефикасност и заштеда на топлинска и електрична енергија, како и модернизација на системот за јавно осветлување и воведување лед технологија.

За десетина дена започнува првата фаза на улицата „Орце Николов“. За оваа улица, како што соопшти на денешната прес-конференција градоначалникот Богдановиќ, се чекаше да се завршат сите процедури од отстранување на цела надземна инсталација.

Делчево, 4 февруари 2021 (МИА) – Делчево денеска ја слави 149 годишнината од раѓањето на великанот и својот патрон, Гоце Делчев. Профеосорот по историја во пензија, Стеван Манасиев вели дека Гоце Делчев со право е патрон на некогашно Царево Село, кое од 1950 година го носи неговото име. Ова го темели на фактот што Делчев, често престојувал во овие краишта, за што според него говори и податокот дека голем број на борци кои биле негова десна рака, потекнуваат од Делчевско.

-Гоце Делчев од нашата околија имал многу борци и тоа првите вооружени борци-револуционери биле од овој крај. Меѓу позначајните такви имиња ќе ги спомнам неговиот курир Антон Сарафов од село Саса, Стоица Панчаревчето од село Панчарево, тие се најважни иако има и други борци. Тие луѓе се бореле навистина и многу од нив животот го дале за таа кауза и за ослободување. Гоце Делчев како да имал некое претчуство дека ќе загине, ама народот ќе ја добие слободата. Имал таква верба во народот, поради што неговите идеи ги прифатил целиот македонски народ и затоа никој не треба никогаш да се откажува од таквите идеи, кога веќе сме создале држава, изјави Манасиев.

Скопје, 4 февруари 2021 (МИА) – Без вода денеска ќе бидат корисниците од булевар „Јане Сандански“ од зграда бр.32 до бр.64, информираат од ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје.

Како што информираат од претпријатието, прекинот на водоснабдувањето е поради дефект на шибер ф 80 мм на Бул.Јане Сандански 60 и ќе трае до санирање на дефектот.

Скопје, 4 февруари 2021 (МИА) – Во рамки на проектот „Изведба на енергетско ефикасни објекти и искористување на обновливи извори на енергија во јавните објекти“ направена е замена на столаријата во основното училиште „Христо Узунов“ во Охрид.

Како што соопшти Министерството за локална самоуправа, со интервенцијата се обезбедени подобри услови за настава на 1127 ученици и на 80 вработени во училиштето и дека се проценува заштедата на енергија да биде најмалку 20 отсто.

 

Back to top button
Close
Close