МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

4 февруари 2021

Скопје, 4 февруари 2021 (МИА) – За 2020 година реализирани се 99 проценти од планираните капитални инвестиции преку единицата на Министерството за финансии за спроведување на Проектот за подобрување на општинските услуги – МСИП, со поддршка од Светска банка, информираат од Министерството за финансии.
Со проширувањето на буџетот на МСИП за 2020 година, капиталните расходи, како што наведуваат во соопштението, се проектирани на 654 милиони денари, од кои се реализирани 646 милиони денари.
Станува збор за капитални инвестиции во 32 општини од целата држава, и тоа во образовниот сектор преку изградба, доградба и реконструкција на градинки во Пехчево, Гостивар, Кисела Вода и Центар, потоа во подобрување на инфраструктурата преку изградба на улици во урбани и рурални средини, како и изградба на атмосферски канализации во Делчево, Центар Жупа, Василево, Ресен, Кисела Вода, Маврово, Студеничани, Шуто Оризари и Ѓорче Петров. Воедно, реализирани се проекти за изградба на атмосферска канализација во Кисела Вода, изградба на филтер станици во Врапчиште, одделување на атмосферската од фекалната канализација во Гевгелија, со што се придонесе за подобрување на животната средина, но се инвестираше и во комунални возила со цел подобрување на хигиената во целата држава.

Скопје, 4 февруари 2021 (МИА) – Прекин на водоснабдувањето од 09.55 часот  денеска имаат корисниците од улица 1 во скопско Батинци.

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека прекин на водоснабдувањето ќе има поради уличен дефект ф-100 на улица 1, пат за Батинци.

Скопје, 4 февруари 2021 (МИА) – Министерството за внатрешни работи во акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден санкционира 116 возачи, меѓу кои шест за возење без возачка, пет за непрописно престројување, седум мерки за користење мобилен телефон.

Изречени се и шест санкции за минување на црвено светло на семафор, четири за управување под дејство на алкохол и 57 мерки за непрописно паркирани возила.

Скопје, 4 февруари 2021 (МИА) – Изминатата недела со „пајак“ се отстранети вкупно 223 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 35 се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 188 возила по налог на сообраќајната полиција, информираат од Град Скопје.

Контролорите на зонските паркиралишта, во истиот период санкционирале вкупно 369 возилa, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 35 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

Тетово, 4 февруари 2021 (МИА) – Ски-центарот Попова Шапка од утре првпат оваа сезона организира ноќно скијање на двете патеки со ски-лифтови кои имаат рефлекторско осветлување за ноќно скијање.

-Ноќно скијање ќе има во петок и сабота од 19 до 22 часот на патеките Поток 1 и Поток 2 на кои има можност за осветлување со помош на рефлектори. Цена на ски билетот за ноќно скијање е пониска од лани и изнесува 400 денари, информира Живко Алексовски, директор на ски центарот.

Скопје, 4 февруари 2021 (МИА) – Без струја утре ќе бидат повеќе улици низ Скопје, помеѓу кои: „Лазар Поп Трајков“ во Гази Баба, „Благоја Гојан“ во Кисела Вода, „Венјамин Манчуковски“ во Аеродром, село Патишка Река, Карст Јаболци, како и викендиците во село Држилово во Сопиште, информираат од ЕВН Македонија.

Прекинот на струја кај корисниците од ул. „Лазар Поп Трајков“ бр.19. ќе биде во периодот од 9 до 11 часот. Од 9 до 12 часот ќе има прекин на струја кај корисниците од ул. „Благоја Гојан“, лоцирани под детското игралиште во Кисела Вода. На ул. „Венјамин Манчуковски“ бр.5. во Аеродром, прекин на струја ќе има од 9 до 13 часот, а во село Патишка Река, Карст Јаболци, како и викендиците во село Држилово во Сопиште од 9.50 до 14 часот.

Кавадарци, 4 февруари 2021 (МИА) – Жителите на улицата „27 Март” во населбата Глишиќ во Кавадарци, почнувајќи од денес остануваат без вода за пиење по седум часа дневно, во рок од две седмици.

Како што соопшти кавадаречкото јавно претпријатие „Комуналец”, прекинот во водоснабдувањето во периодот од 8 до 15 часот,  е поради градежни активности на проект за реконструкција на водоводна линија.

 

Back to top button
Close
Close