МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

3 февруари 2021

Гевгелија, 3 февруари 2021 (МИА) – Советот на општина Гевгелија, имајќи предвид дека пандемијата од Ковид-19 сеуште трае, одлучи до крајот на годината да ја продолжи важноста на одлуката за намалување на таксите за фирмарина.

Како дел од општинскиот пакет мерки за ублажување на последиците од корона вирусот, одлуката беше донесена при крајот на мај минатата година, а сега нејзината важност останува на сила најмалку до крајот на годинава.

Кавадарци, 3 февруари 2021 (МИА) – Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев најави иновативен метод за да се продолжи векот на асфалтот на улиците и патиштата во општината, со употреба  на пластичен асфалт на одделни места.

Тој рече дека Општината постојано се стреми кон унапредување  и усовршување на уредувањето  улици и патишта.

Куманово, 3 февруари 2021 (МИА) – Почна првата фаза од реконструкцијата на спортскиот комплес „Соколана“ во Куманово.

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски на својот фејсбук-профил објави дека во тек се градежни активности на комплексот, односно, прва фаза на реконструкција на игралиштето и на трибините. Предвидено е партерно уредување на игралиштето, реконструкција, терен за мал фудбал со комплетна реконструкција на трибините.

Кочани, 3 февруари 2021 (МИА) – Во завршна фаза е изборот на изведувач на градежните работи за реконструкција и проширување на системот за собирање на отпадни води во населбата Оризари и на дел од канализациската мрежа во Кочани.

Средствата за оваа намена се обезбедени со донација од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), при што локалната самоуправа на Кочани од општинскиот буџет ќе кофинасира десет отсто од вредноста на проектот.

Пехчево, 1 февруари 2021 (МИА) – Пехчевскиот здравствен дом се соочува со проблем од недостиг на матични лекари. Во пехчевскиот здравствениот дом д-р „Иван Георгиев“ функционираат само двајца матични лекари, кои велат дека освен што се задолжени за здравјето на редовните пациенти, поради немањето ковид центар ги прегледуваат и пациентите со Ковид-19, што според нив создава дополнителна работа и зголемени мерки на претпазливост при прегледите.

Скопје, 3 февруари 2021 (МИА) – Голема количина на отпад околу контејнерите е исчистена денеска на улицата „Ванчо Мицков“ во Карпош, информираат од општината.

Од Општина Карпош апелираат до граѓаните да не одлагаат отпад околу контејнерите туку правилно да го фрлаат во истите со цел успешно разрешување на овој пробрем.

Крушево, 3 февруари 2021 (МИА) – Крушево, заедно со општините Новаци и Могила доби вкупно 773 микрочипови за бездомни кучиња.

Според градските власти на Крушево, со микрочиповите за бездомните кучиња продолжува процесот на идентификација и хуман третман на кучињата.

 

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close