МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

11:30/9 август 2019

11:30/9 август 2019

Скопје, 9 август 2019 (МИА) – Околу 9 часот изутринава е локализиран и изгаснат шумскиот пожар што избувна на локација стар пат село Бели – Пониква. Извршена е проверка на теренот за можни остатоци на жаришта и нивно гасење, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување.

Делчево, 9 август 2019 (МИА) – Повисоките места во Делчево од синоќа се без вода за пиење. Според информациите на одговорното лице од Јавното претпријатие за комунална дејност Брегалница, Фердо Ристовски, се работи за се уште неутврден дефект поради кој се јавува загуба на протокот на вода.

Делчево, 9 август 2019 (МИА) – Планината Голак синоќа беше зборното место на илјадници посетители од Делчево, Виница и околните општини, иселеници од повеќе земји и гости од соседна Бугарија, кои беа дел од новото издание на „Голачките фолклорни средби 2019“.

Охрид, 9 август 2019 (МИА) – Со вечерашното отворање на Фестивалот „Вино и сирење 2019“, Општина Охрид и Секторот за локален туристички и економски развој стартуваат со годинешните манифестации за промоција на локални продукти, производи и занаети.

Кочани, 9 август 2019 (МИА) – Локализиран и целосно е ставен под контрола пожарот што вчера попладне избувна во подножјето на Осоговските Планини во близина на кочанските села Бели и Лешки, а екипи на Територијалната противпожарна единица од Кочани и понатаму работaт на негова целосна елиминација. Отворен за сообраќај е и регионалниот патен правец од Кочани кон Пониква.

 

Back to top button
Close
Close