МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

1 февруари 2021

Скопје, 1 февруари 2021 (МИА) – Бранот врнежи што ја зафати земјава, ги зголеми водостоите на реките, покажуваат денешните хидролошки мерења.

Според УХМР, некои од реките се повеќе од двојно зголемени, а во рамки на просекот за февруари се само Црна и Струмица.

Дојранското Езеро, како и досега, е над месечниот просек, додека Преспанското и Охридското Езеро се намалени. Сепак, Преспанското Езеро за 30 сантиметри го има надминато апсолутниот минимум.

Скопје, 1 февруари 2021 (МИА) – Паркингот на Водно во текот на викендов го искористиле 554 возила, според бројот на испратени СМС пораки, информираат од Град Скопје.

Зонското паркирање на паркиралиштата на Средно Водно се наплаќа за време на државните празници и за викендите од 9 до 16 часот. Цената за првиот час паркирање изнесува 100 денари, а секој нареден час – 50 денари. Паркирањето е бесплатно за хендикепираните лица, како и за туристичките автобуси, а паркирањето во зеленило се санкционира.

Скопје, 1 февруари 2021 (МИА) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Снег со слаб интензитет паѓа на Попова Шапка.

Поради одрони од карпи и земја сообраќајот на патниот правец Струмица – Берово над рудникот Огражден се одвива отежнато.

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close