МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

29 јануари 2021

Куманово, 29 јануари 2021 (МИА) – Општина Куманово, Сектор за социјална заштита, денеска ги информираше граѓаните дека можат да поднесат барање за субвенционирање на комунални услуги. Субвенциите се наменети за повеќе категории граѓани, социјално ранливи групи. Барањата со потребната документација треба да се достават до архива на Општина Куманово, најдоцна до 15 февруари, годинава.

Право на субвенционирање на комунални услуги имаат самохрани родители кои живеат на територија на општина Куманово, самохрани родители на деца со попреченост до 26 годишна возраст, стечајци евидентирани во здружението на стечајни работници и акционери УНИТ 1, згрижувачки семејства, лица кои до 18 годишна возраст имале статус на дете без родители, лица корисници на право на социјална сигурност на старите лица, лица корисници на гарантирана минимална помош, исклучиво материјално и станбено необезбедени (лица кои живеат под кирија).

Скопје, 29 јануари 2021 (МИА)- Поради уличен дефект на булеварот „Видое Смилевски Бато 37“ без вода се корисниците на дел од булеварот, односно зградите од бр.37 до бр.55.

Како што информираат од ЈП Водовод и канализација, водоснабдувањето ќе биде прекинато се до завршување на дефектот.

Делчево, 29 јануари 2021 (МИА) – Во Делчево почна чистење на дивите депонии покрај речните корита и водотеци. Како што информираа од Јавното претпријатие на комунални дејности „Брегалница”, кои ја спроведуваат активноста, денеска е во тек акција за чистење на речното корито и дивата депонија во близина на река Желевица.

-Во согласност со годишната програмата на Општина Делчево за регулација на речните корита и водотеци, како и програмата на Јавното комунално претпријатие „Брегалница” за чистење на диви депонии, механизација и екипи на комуналното претпријатие денеска извршија чистење на речното корито покрај река Желевица во село Тработивиште, како и дивата депонија формирана на ова подрачје. Согласно планот, ќе продолжиме со чистење на дивите депонии, речни корита и канали и во другите населени места, информираа од ЈПКД „Брегалница”.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close