МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

27 јануари 2021

27 јануари 2021

Скопје, 27 јануари 2021 (МИА) – На утрешната шеесет и трета седница, Советот на Град Скопје ќе одлучува за давање донација на едно противпожарно возило и две мобилни лафетни млазници на здружението ЕКО ФАП од Охрид. Ова здружение дејствува доброволно и организира еколошки акции за расчистување диви депонии во градот Охрид и во околината. Исто така, организира самоиницијативно учество во гасење пожари, помош на населението при елементарни непогоди и хаварии на вода и давање помош на социјално загрозени семејства.

Од прес-службата на Град Скопје информираат дека целта е оптимално одговарање на предизвиците при расчистување на дивите депонии на брегот на Охридското езеро и во Националниот парк Галичица. Преку донацијата на возилото, ЕКО ФАП ќе има можност да ги прошири своите активности.

Берово, 27 јануари 2021 (МИА)  – Во Берово во 2020 година се исплатени 260 илјади денари, како поддршка за семејствата со новороденчиња. Билјана Каламадевска од Општина Берово, информираше дека оваа сума е еднакво распределена на семејствата кои минатата година добиле новороденче.
Од минатата година, од општинскиот буџет за секое новородено дете, чии родители се жители на oпштина Берово, се издвојуваат по 5 илјади денари. Овие 260 илјади денари рамномерно се распоредени на вкупно 52 семејства кои добиле новороденче во изминатата година, истакна Каламадевска.

Крива Паланка, 27 јануари 2021 (МИА) – Пет лица од Општина Кратово добија сертификати за негуватели на стари лица во рамки на посебна програма за образование на возрасни.

Согласно реализацијата на програмата Општинско корисна работа, како и потребата за задолжителна обука за давателите на услуги кои се ангажирани од страна на нашата општина, а немаат соодветен сертификат или уверение за стекнати компетенции за занимања, на позицијата нега на стари лица по успешно спроведената обука од страна на Полиопроект Штип, сертифакти добија уште пет ангажирани лица. Овие лица беа ангажирани во проектот „Почувствувај топлина“ и истиот отпочна во септември 2020,а беа опфатени девет негуватели кои во домовите на стари и изнемоштени лица даваа услуга и помош. Од нив,  четворица веќе поседуваа сертификати, а останатите петмина  следеа обука во октомври и ноември и по успешно реализираната обука се стекнаа со сертфикат за самостојно извршување на работните задачи, информира Катерина Станковиќ од локалната самоуправа на Општина Кратово.

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close