МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

22 јануари 2021

Тетово, 22 јануари 2021 (МИА) – Градскиот автобуски превоз во Тетово ќе чини 20 денари, а ќе има пет категории на месечни и годишни билети, најави претседателот на Советот на општината Беким Мемети. За цените и другите параметри на превозот треба да се одлучи на седницата закажана за 28 јануари, откако на 17 јануари општината инфомираше и ги промовираше петте набавени автобуси.

-Билет за едно возење ќе чини 20 денари. Во категорија А, билетот за сите граѓани месечно ќе чини 900 денари, а годишно 9000. Категорија Б е за студенти (350 месечно/3500 годишно), категорија Ц е за пензионери и луѓе над 62 години (350/3500ден.) Категорија Д е за вработени во општина Тетово (450/4500) и категорија Е лица со над 80 отсто попреченост за кои ќе има бесплатен превоз, пишува Мемети на профилот на „Фејсбук“.

Гевгелија, 22 јануари 2021 (МИА) – Градоначалникот на Валандово Перо Костадинов го потпиша договорот за јавно партнерство со чешката компанија „ИЦС Системи“, која преку својата подружница во Охрид, наредниве години ќе го модернизира и одржува јавното улично осветлување во општината.

Договорот предвидува во општина Валандово на 1800 сијалични места да се изврши замена на старите со нови енергетски ефикасни ЛЕД светилки кои на годишно ниво треба да ја намалат емисијата на штетни стакленички гасови за околу 425 тони и да овозможат околу 50 отсто заштеда на средства, велат од општината.

Скопје, 22 јануари 2021 (МИА) – Патронажно санитетско возило марка „Дачија“ и амбулатно возило комбе „Фолксваген“ Т5 доби службата за Итна медицинска помош при Здравствениот дом Скопје. Возилата се донација од Општината Чаир.

По повод донацијата, министерот за здравство Венко Филипче денеска пред општинската административна зграда изјави дека Општината Чаир годинава одлучила парите кои биле наменети за новогодишно осветлување да ги пренамени и со нив да се набават двете возила за транспорт на пациенти кои денеска ги донираат на Здравствениот дом Скопје, за што изрази благодарност за овој, како што посочи, висок степен на свесност и совесност во работењето.

Битола, 22 јануари 2021 (МИА) – Општина Битола почна со превентивни мерки за намалување на загадувањето на воздухот. Последниве два дена, вредноста на суспендирани честички со големина од десет микрометри (PM10) ги надмина дозволените 100 микрограми на метар кубен.

Според показателите од мерната станица Битола-1 во текот на вчерашниот ден регистрирани се 102.634 микрограми, а денес 127.214 микрограми на метар кубен, и затоа локалната самоуправа апелира за почитување на превентивните мерки за заштита од загадување на воздухот во градот.

Back to top button
Close
Close