МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

22 јануари 2021

Битола, 22 јануари 2021 (МИА) – Општина Битола почна со превентивни мерки за намалување на загадувањето на воздухот. Последниве два дена, вредноста на суспендирани честички со големина од десет микрометри (PM10) ги надмина дозволените 100 микрограми на метар кубен.

Според показателите од мерната станица Битола-1 во текот на вчерашниот ден регистрирани се 102.634 микрограми, а денес 127.214 микрограми на метар кубен, и затоа локалната самоуправа апелира за почитување на превентивните мерки за заштита од загадување на воздухот во градот.

Скопје, 22 јануари 2021 (МИА) – Советот на Општина Центар на вчерашната 59. седница донесе одлука да додели парична помош во висина од 400.000 денари за граѓаните на Петриња и Сисак во Република Хрватска, по разорниот земјотрес кој се случи на 29 декември минатата година.

Ова доаѓа по предлог на градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, а одлуката беше изгласана едногласно од страна на сите советници.

Штип, 22 јануари 2021 (МИА) – Изградена е новата Филтер-станица во Карбинци. Завршени се градежните активности на овој капитален објект, кој со вода за пиење ќе снабдува осум села во оваа општина, сега се чека на монтирање на опремата во објектот, со што ќе може да се прима вода од Хидросистемот „Злетовица“.

Градоначалникот на Општина Карбинци, Јордан Насев, вели дека со изградбата на Филтер-станицата се решава неколкудеценискиот проблем на жителите на Карбинци, кои сега се снабдуваат со вода за пиење од локалните водоводи и бунари.

Скопје, 22 јануари 2021 (МИА) – Во урбаната заедница „Цветан Димов“ се поставува атмосферска канализација и тоа на улиците „Вера Јоциќ“, „Тодор Паница“, „Тодора Паница 1“, „Вера Јоциќ 1“, „Вера Јоциќ 2“, „Георги Димитров“, „Новопроектирана 1“, „Михаил и Ефтихиј“, „Новопроектирана 2“, „Георги Димитров 1“, „Дичо Петров“,„ Дичо Петров 1“ и на „Тоне Томшиќ“.

Како што информираат од општина Кисела Вода, градежните работи за поставување на атмосферска канализација се со вкупна должина од 2712 метри.

Скопје, 22 јануари 2021 (МИА) – Општина Чаир денеска ќе донира две амбулатни возила за Службата за итна медицинска помош при Здравствениот дом Скопје.

На примопредавањето, според најавите, ќе присуствуваат министерот за здравство Венко Филипче, градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу и директорот за економски прашања на Здравствениот дом Скопје, Бесим Кока.

 

Back to top button
Close
Close