20 јануари 2021
Скопје – Изминатата недела со „пајак“ се отстранети 107 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „блокатор“ санкционирани се 102 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, информираат од ЈП Паркинзи на Општина Центар.
Оттаму повикуваат на почитување на сообраќајните правила со цел одржување на ред и безбедност на улиците.
Скопје – Во текот на утрешниот ден во период од 07.30 до 15.30 часот без електрична енергија ќе останат објектите на ДУРА Аутомотив, Мурат Виринг Системс и Герешајмер лоцирани во ТИРЗ 2 – индустриска Зона Бунарџик, во општина Илинден.
Како што информираат од Центарот за управување со кризи без струја од 9 до 14 часот ќе бидат дел од корисниците од село Кучково – лоцирани во околината на Старо Буре, општина Ѓорче Петров и во периодот од 09 до 15 часот, корисниците од улиците 2, 4, 6 и 8 во село Долно Соње – корисницитe лоцирани спроти МОСТ маркет, општина Сопиште.
Скопје – Прекин во водоснабдувањето денеска од 9 часот ќе имаат дел од корисниците на улицата „Московска“, згради број 5, 7, 9, 11 и пазарот во Тафталиџе.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради санирање уличен дефект на улицата „Лондонска“ без број. Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот.