МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

18 јануари 2021

Крива Паланка, 18 јануари 2021 (МИА) – Општина Крива Паланка на почетокот на 2021 година најави два успешно oдобрени проекти што ќе се имплементираат со финансиски средтсва од фондовите на Европската Унија во рамки на ИПА програмата за прекугранична соработка со Бугарија и Србија со кои ќе се развива туризмот во прекуграничниот регион.
-На почетокот на годината ги потпишавме двата договори за имплементација на проектите. Првиот е насловен „Да ги поврземе бисерите“ и предвидува уредување на локалитетот „Станечки водопади“, еден од туристичките потенцијали на општина Крива Паланка. Проектот е  аплициран во рамки на Програмата за прекугранична соработка на ЕУ меѓу Србија и Република Северна Македонија и се реализира во партнерство со Град Лесковац од Србија и Центарот за развој на Пчињско – Јабланичкиот регион од Србија, информираат од Општина Крива Паланка.

Скопје, 18 јануари 2021 (МИА) – Градоначалниците да не ми изиграваат локални шерифи и да им служат на граѓаните достоинствено, порача премиерот Зоран Заев откако беше запрашан од новинарите како ќе реагира на обвинувањата на вработени во општина Лозово кои се жалат на мобинг од страна на општинската управа.

-Првиот пат коа беа реакциите лично разговарав со градоначалникот и тој ми даде соодветно објаснување и корекции за одредени работи, со новите настани не сум запознаен, оваа недела сигурно дека ќе реагирам затоа што јас сум служител на нашите граѓани и сакам да бидат секогаш во нивна заштита. Граѓанин е и градоначалникот, но тој извршува сериозна одговорна функција како градоначалник на општина Лозово, не знам детали, не можат да инсинуирам што било, но дефинитивно ќе се заинтересирам за случајот и прва прилика ќе дадам коментар, рече Заев.

Дебар, 18 јануари 2021 (МИА) – Пандемијата со Ковид-19, како и насекаде,така и во Дебар, негативно се одрази врз целокупниот живот во Дебар, вклучително и во бројот на младите кои одлучиле да го кажат судбоносното „да“.

Во годината која е зад нас во градот во матичната книга на венчаните се запишани 86 бракови, што е за 39 бракови помалку споредено со претходната година.

Штип, 18 Јануари 2021 (МИА) – Штипското Јавно претпријатие „Стипион“ ги исчисти сите улици од прв и втор приоритет низ градот Штип.

Директорот на ЈП „Стипион“, Сашко Протогеров за МИА изјави дека во текот на ноќните часови по улиците се фрлени 38 тони абразивен материјал, а во моментов екипите со механизацијата ги чистат улиците од третиот приоритет.

 

Back to top button
Close
Close