МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

18 јануари 2021

18 јануари 2021

Скопје – Нивоата на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро се исти како вчера, покажуваат последните мерења од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Водостојот на Преспанското Езеро, како што информираат од УХМР, за 34 сантиметри го има надминато апсолутниот минимум.

Скопје – Без вода денеска од 10:30 часот се корисниците од населбата Маџари, Хиподром и Трубарево.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје, прекинот е поради дефект на приклучна цевка ф-2“ на улицата „Дончо Штипјанчето“ 7а во Маџари.

Скопје – Паркингот на Водно во текот на викендов го искористиле 393 возила според бројот на испратени СМС пораки, соопштија денеска од Градот Скопје.

-Како дел од континуираните заложби да се овозможи безбедно рекреирање на пешаците и на велосипедистите во деновите кога е најпосетено Водно, Градот Скопје и ЈП „Градски паркинг“ воведоа зонско паркирање на паркиралиштата на Средно Водно. Паркирањето се наплаќа за време на државните празници и за викендите од 9 до 16 часот. Цената за првиот час паркирање изнесува 100 денари, а секој нареден час – 50 денари. На паркиралиштата е поставена соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација, како и информативни табли, информираат градските власти.

 

Back to top button
Close
Close