МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

14:30/23 јули 2019

14:30/23 јули 2019

Кочани – Летниот распуст дел од училиштата во Кочани го користат за реконструкција на санитарните јазли, а за што се обезбедени финансиски средства од Министерството за образование и наука.

Неготино – Со донација од Амбасадата на Јапонија се поставува парно греење во училиштето во Долни Дисан. Од службата за информирање при општина Неготино, денеска соопштија дека таму се работи интензивно.

Тетово – Тетово-Гостивар ќе стане автопат со по три коловозни ленти во еден правец, најави директорот на Јавното претпријатие за државни патишат Зоран Китанов од Тетовско каде беше во посета за да изврши увиди како оди реконструкцијата на делницата од Тетово до Попова Шапка. Причината за проширувањето на патот од Тетово до Гостивар, како што рече, е големата фреквенција на возила.

Тетово – Министрите за транспорт и врски и за економија, Горан Сугарески и Крешник Бектеши, директорот на Јавното претријатие за државни патишта Зоран Китанов и тетовската градоначалничка Теута Арифи извршија увид во рехабилитацијата на патот од Тетово до Попова Шапка каде се поставува нов асфалт во должина од 18 километри и 200 метри.

Пехчево – Потпишани два договора со кои општина Пехчево обезбеди финансиски средства за два проекта кои ќе се реализираат во рамки на Програмата за рамномерен регионален развој за 2019 година.

Росоман – Започната е реконструкција на дел од доводната водоводна линија од месноста викана Браница до селото Сирково, информираа денеска од Службата за односи со јавноста при Општина Росоман. Целта е добивање на повеќе вода за пиење за сирковчани.

 

Back to top button
Close
Close