МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

15 јануари 2021

15 јануари 2021

Скопје – Општина Центар објави јавен повик за прибирање барања за користење средства од Буџетот на Општина Центар за 2021 година, наменети за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите.

– Распределбата на средствата од Буџетот на Општина Центар за 2021 година ќе се врши во согласност со Правилникот за постапката и начинот на распределба на финансиски средства од Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите на Општина Центар за 2021 година и врз основа на наведените критериуми и приоритети, соопштија од Општина Центар.

Скопје – Изминатата недела, со „пајак“ се отстранети 168 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 29 се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 139 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци како паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице, информираат од Град Скопје.

Оттаму дополнуваат дека контролорите на зонските паркиралишта, во истиот период, санкционирале вкупно 365 возилa, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 29 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

Скопје –  Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје изминатите 12 месеци собрале и транспортирале вкупно 158.476 тони комунален отпад, што е за 4.713 тони или 3.07 проценти повеќе во однос на 2019 година.

ЈПКХС денеска во отчет за 2020 информира дека службите секојдневно ја одржуваат хигиената на шест милиони квадратни метри јавни и сообраќајни површини во градот Скопје.Истакнуваат дека седум пати во неделата, во три смени, го собирале и транспортирале комуналниот отпад од скопските домаќинства, како и од речиси 600 стопански субјекти во урбаниот и руралниот дел на градот.

Во координација со Град Скопје и другите јавни претпријатија, преку заеднички активности реализирале генерално чистење на сите скопски општини, како и комплетно расчистување на двете страни на кејот на реката Вардар, каде што се поставени 120 нови канти  наменети за одлагање ситни отпадоци.

Тетово – Голем интерес и турканици утринава има пред архивата на Општина Тетово каде граѓаните поднесуваат документи за добивање субвенција за набавка на инвертер-клима уред. Метежот пред канцеларијата беше проследен и со вербални расправии и турканици меѓу граѓаните околу тоа кој прво да дојде на ред за поднесување на документација.

Приемот на документите и добивањето на субвенција е по правилото „прв дојден, прв услужен“, а на овој втор јавен повик според буџетот има средства за субвенционирање на 89 домаќинства.

Гостивар – Периодот додека наставниците и учениците се на зимски распуст, управите на две средни училишта во Гостивар го искористија за вложувања во опрема и подобрување на условите за работа. Деновиве се ставени во функција нови кабинети за практична настава, библиотеки, канцеларии и обезбедни се нови училници во средното медицинско и гимназијата.

Градоначалникот на општина Гостивар Арбен Таравари со соработниците при посетата на Општинското средно училиште посочи дека изминатиов период со Министерството за образование и наука воспоставиле соработка и очекува да се реализираат инвестиции, меѓу кои како позначајна ја истакна поправката на покривот на основното училиште во селото Чегране.

 

Back to top button
Close
Close