МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

14 јануари 2021

14 јануари 2021

Скопје – Општина Карпош додели 5.000 заштитни маски за повеќекратна употреба на градинките и основните училиште. Маските се наменети за воспитниот и техничкиот персонал во градинките, а во училиштата за наставниот кадар и учениците.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев посочи дека дел од маските ќе бидат поделени во Геронтолошкиот завод „13 Ноември“ во Злокуќани, во СОС Детското село, групниот дом во Козле, како и по повеќе урбани заедници.

Скопје – Патниот правец А3 Кочани – Македонска Каменица на делницата од Истибања до браната Калиманци, што од вчера беше во целосен прекин поради одрон, денеска е нормализиран од 13:00 часот, информира АМСМ.

Од таму посочуваат дека на овој патен правец е изградена трета лента во должина од 100 метри.

Дебар – Зголемниот дотек на вода во Дебарско Езеро, освен што поволно ќе се одрази врз производството на елекрична енергија во Хидроелекраната „Шпилје“, од големо значење е и за заштитата на флората и фауната во езерото.

Оваа оценка за МИА ја изнесе Дритан Боцку, претседател на спортското риболовно друштво „Трофта“ кое од ноември 2019 година е и концесионер на езерото.

Гевгелија – Традиционалниот василичарски хепенинг кој секоја година во Стар Дојран се одржуваше на просторот на градскиот пазар, во соорганизација на Општина Дојран со спонзори на манифестацијата, синоќа не се одржа поради почитување на мерките за заштита од Ковид-19, соопштија денеска од општината.

Наместо тоа, минатогодишните кумови, општината и останатите хумани граѓани, одлучија сите прехранбени продукти кои беа собрани за василичарскиот хепенинг да ги спакуваат, и денеска преку хуманитарна акција да ги донираат на социјално загрозените семејства од општина Дојран.

Back to top button
Close
Close