МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

14 јануари 2021

Скопје – Изминатото деноноќие, екипи на Општина Центар, со специјални возила на локации на територија на Општината распрскуваа емулзиона течност против замрзнување на улиците.

Како што соопштија од Општината, акцијата за распрскување на улиците е извршена во и околу населбата Водно, населбата Кале и сите потешко пристапни улици во Центар, во пресрет на предупредувањата на УХМР за евентуални врнежи на снег.

Скопје – ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека денеска, поради поставување на регулатор на Ф-150 миолиметри на улица „Босна и Херцеговина“ бб, без вода ќе бидат корисниците од таа улица.

Скопје – Поради уличен дефект Ф-150 милиметри на улица „Чедомир Кантарџиев“ 3, без вода ќе бидат корисниците од оваа  и дел од улицата „Наум Охридски“ во Општина Кисела Вода.

Скопје – Прекин на водоснабдувањето изутрина од 9.30 часот има за корисниците од улиците „6“ и  „8“ во населбата Бардовци.

Скопје – Утре без струја ќе останат корисниците на ул. „Улоф Палме“ во Општина Кисела Вода и жителите на село Марино во Општина Илинден, како и дел од Орман во Општина Ѓорче Петров.

Скопје – За два сантиметра е зголемен водостојот на Охридското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти со вчерашните иако Преспанското Езеро за 34 сантиметри го има надминато апсолутниот минимум, покажуваат последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Сепак, водостојот на Охридското и на Преспанското Езеро е понизок од просечниот и тоа за 14 сантиметри кај Охридското и за 1,37 метри кај Преспанското Езеро, додека нивото на Дојранското Езеро е за три метри повисоко од повеќегодишниот просек за јануари.

Кавадарци – Во кавадаречкото село Ресава продолжува повеќевековната традиција на славење на Василица. Се спремаат џоломарски пишии,  а традиционално неколкумина мажи под маски со клопотарци и стапови прават врева и ги бркаат лошите духови, правејќи место за доброто, среќата и бериќетот.

-Продолжува  традицијата во нашиот дом. Секоја година за Василица мојата сопруга Вера меси и сука пишии кои јас ги печам горе на шпоретот. Со нив се сладат џоломарите, но и гостите кои доаѓаат денес во селото, заедно со свинско пржено месо и колбаси. Така е отсекогаш. Нека е за многу години празникот, вели за МИА ресавецот Илија Биков, посакувајќи здравје и мир за сите.

Back to top button
Close
Close