МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

14:30/16 јули 2019

14:30/16 јули 2019

Гевгелија – Општина Гевгелија се откажа од приходите што можеше да ги добие од рудниците, бидејќи е екоопштина во која доминираат туризмот и производството на здрава храна, но тоа не значи дека не треба да остварува некаква добивка од казино-бизнисот кој во Општина Гевгелија е развиен поради блискоста до границата со Грција, смета гевгелискиот градоначалник Сашо Поцков.

Штип – Во Штипско–карбинскиот Регион почна превентивна акција за заштита од пожари. Командирот на Територијалната противпожарна единица – Штип, Тони Атанасов, вели дека акцијата ја спроведува Дирекцијата за заштита и спасување.

Струмица – Второ прскање против комарци на територијата на Југоисточниот плански регион ќе се изврши на 23 и 24 овој месец, соопштија денеска од Центарот за развој на овој регион.

– Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со осумте општини од регионот организира второ авио-третирање против комарци за оваа година со кое се предвидени две прскања на територијата на Југоисточниот регион со вкупна површина од 7.542 хектари, се наведува во соопштението.

Тетово – Планинарскиот клуб Тетекс во недела 21 јули го организира традиционалното искачување до Караниколичко езеро на 2200 метри надморска височина. Сите кои сакаат да учествуваат во недела во 6:30 часот треба да бидат пред Центарот за култура во Тетово од каде се оди до селото Вешала со организиран превоз. Од Вешала на 1256 метри надморска височина започнува искачувањето кон Караниколично Езеро.

 

 

Back to top button
Close
Close