МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

8 јануари 2021

8 јануари 2021

Скопје – Општина Карпош почна со целосна реконструкција на детското игралиште во Карпош 4, на улицата „Никола Парапунов“. Имено, тука се врши целосна замена на детските реквизити и се поставуваат нови.

Од општината информираат дека паралено, се обновува и детската зона во населбата Жданец, по што и тој јавен простор ќе добие нов изглед.

Струга – Прилагодливоста на опкружувањето и условите на глобално и локално ниво во текот на 2020 година дојдоа до израз и во работата на странските инвеститори присутни во земјава. Падот на производството се очекува да биде 20 до 25 отсто во однос на првобитниот план, оценува претседателот на Асоцијацијата на странски инвестиции, Виктор Мизо.

Според него, 2020 ќе остане во сеќавањата како година на тектонски пореметувања врз стандардниот модел на функционирање на мултинационалните компании.

Гостивар – Гостиварската локална самоуправа го даруваше првороденото бебе со пригодни подароци и чек на паричен износ од десет илјади денари.

Претставници на општина Гостивар, го посетија домот на брачната двојка Аљби.

Back to top button
Close
Close